Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Ваучер

ПОЧЕТНА Ваучер

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

КОМУ Е ДОСТАПНА ПОДДРШКАТА

ШТО НУДИ ПРОГРАМАТА?

Повеќе за тоа што субвенционира а што не субвенционира програмата...

КОЛКУ ДОБИВАМ ?

  • Активни претпријатија: субвенција до 50 % од нето вредноста на советувањето, но најмногу до 54.000,00 денари за времетраењето на Договорот, со исклучок кога се работи за:

    - МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси имаат право на т.н. иновативен ваучер и субвенција од максимум 108.000,00 денари.

  • Невработени лица: субвенција до 100 % од вредноста на советувањето, но најмногу до 37.800,00 денари без ДДВ, под услов, невработеното лице да се самовработи најдоцна во рок од 6 месеци.

Доделените средства во програмата се наменски и смеат да се користат исклучиво за намена и под услови кои се наведени во Договорот за вклучување.

КАКО ДА СЕ ВКЛУЧАМ ?

Кај изведувачот на програмата, кој претставува точка каде што потенцијалните корисници на услугите може да се вклучат во програмата.

  • Прашајте го советникот-организатор, кој е овластен за спроведување на програмата за ваучерско советување,
  • со него направете воведно советодавно интервју, во кое советникот-организатор проверува дали ги исполнувате критериумите за вклучување во програмата, какви видови на советување Ви се потребни.
  • По потпишување на договор за вклучување лесно ќе можете да ги користите услугите на советниците за претприемништво, така да за секое поединечно советување ќе подигнете ваучер.
  • по реализирање на советодавните услуги со советникот го потврдувате ваучерот (потис и печат), кој е потребен за исплата на субвенцијата.

Повеќе за начинот на издавање на фактури и барања за исплата на субвенцијата ...

КОНТАКТ
    

                                    Никола Таневски nikola@apprm.gov.mk

                                      Маријан Стојчев marjan@apprm.gov.mk