Информација за постапката на избор на советници во Програмата
Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија објавува Јавни Повици за избор на советници за претприемништво во Програмата на ваучерско советување и тоа: Генералисти и Специјалисти.
Врз основа на пријавите и искажаните стручни знаења како и проверка на референците на советниците, Комисија за избор носи одлука за прием на советникот и негово вклучување во Каталогот на советници. Советниците Генералисти и Специјалисти, вклучени во Програмата и Каталогот на советници за претприемништво, можат да ги извршуваат советодавните услуги само во подрачјата, кои им биле одобрени од страна на Комисијата за избор.
Соетниците се запишуваат во Каталогот за период од 2 години а по истекот на тој рок можат повторно да се пријават на соодветен Јавен Повик.
Повеќе за правата и должностите на советниците во Програмата може да добиете во: Прирачникот на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување.