Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Упатство за барање на субвенција

ПОЧЕТНА Упатство за барање на субвенција

Упатство за барање на субвенција

Кога станува збор за корисници на советување кои имаат право на 50% субвенциионирани услуги од програмата, советодавното претпријатие издава фактура која гласи на корисникот на советување. Корисникот на советување фактурата ја плаќа во целост и до Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија го доставува барањето за исплата на субвенцијата во пропишаниот облик. Износот на барањето не смее да надминува половина од вредноста на фактурата (без ДДВ) на советникот и воедно не смее да го надминува износот за кој е издаден ваучерот.

Задолжителни прилози на барањето се:

1. Потврден оригинален ваучер (потпишан од страна на советникот-организатор, советникот и корисникот на советувањето и потврден со печат – печатот е задолжителен ако правното лице го користи при своето работење),

2. Фотокопија на фактура на советникот, (еден ваучер = една фактура)

3. Фотокопија на доказот за плаќање на фактурата на советникот(Агенцијата за поддршка на претприемништвото при разгледување на доказите за плаќање ќе ги земе предвид следните докази: извод од прометот на корисникот на советување на денот на одлевање или извод од прометот на советникот на денот на приливот или посебна уплатница или потврда за благајнички прием)

4. Оригинален извештај од советникот / консултантот .

Образец:   

Извештај за работата на советникот

Извештај за работата на корисникот