Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Проекти

ПОЧЕТНА Проекти

 

                                     

Наслов на проектот: Создавање на можности за вработување за сите  - Самовработување 

Период на имплементација: 2007 – тековно

Партнери :    Министерство за Труд и Социјална  Политика (координатор)  
                                        УНДП
                                        Агенција за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија

Опис на проектот :
АППРСМ  е активно вклучена во Програмата Самовработување со грант од 2007 година. Програмата Самовработување  предвидува советодавна и финансиска поддршка за остварување на одржливи вработувања, односно самовработувања во мали оформени бизниси.
Намената на оваа програма  е активирање на пазарот на труд и креирање на работни места со стимулирање на побарувачката на пазарот на труд, изедначување на понудата и побарувачката на истиот во согласност со потребите,  подобрување на пазарот на трудот и намалување на сивата економија.
Програмата Самовработување се имплементира преку неколку чекори и активности:
- објавување на јавен оглас  за аплицирање; 
- давање информации од јавен карактер за можностите  во врска со програмата; 
- обука  за развој на бизнис идеи и претприемачки вештини на  првобитно избраните кандидати; 
- поддршка  за  изработка на  бизнис план; 
- изработка на критериуми, евалуација и селекција на  изработените бизнис планови; 
- Асистенција при регистрација на фирми и давање мали грантови на регистрираните фирми за снабдување со неопходната опрема/или материјали. 

Услуги:
Апликантите  кои се заинтересирани за Програмата Самовработување се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување. Откако е направена прелиминарна селекција, кандидатите кои се оценети како успешни добиваат обука за бизнис планирање и раководење, пристап до  финансиските пазари, промоција и маркетинг. Потоа, преку Ваучер шемата, бизнис консултантите од Агенцијата за Поддршка на Претприемништво (АППРСМ) овозможуваат поддршка на успешните кандидати за остварување на нивната бизнис идеа во бизнис план.

Наслов на проектот:  Воспоставување и промоција на менторски услуги за МСП на Западен Балкан - Фаза 2

Период на имплементација: 2017 година - во тек

Партнери: ДАС - Агенција за развој на Србија
        МОФТЕР - Министерство за надворешна трговија и економски односи
                        СЕРДА - Агенција за регионален развој на Сараево
                        РАРС - Агенција за развој на Република Српска
                        Дирекција за инвестиции, развој на мали и средни претпријатија и управување со фондовите на ЕУ - Црна Гора
                        АППРСМ - Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија


Опис на проектот:
„Воспоставување и промоција на менторски услуги за мали и средни претпријатија во Западен Балкан (Фаза 2), е проект поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка - JICA и АППРСМ 
како партнер институција. Проектот предвидува воспоставување на стандардизиран систем на менторски услуги за МСП како нефинансиска техничка поддршка. 
Системот е воспоставен на национално ниво, односно програма која ја вклучува постојната институционална инфраструктура на регионални центри за поддршка на претприејатијата
 како појдовна точка од која се избираат идните ментори и даватели на услуги. Менторите обезбедуваат поддршка  на претпријатијата преку дијагностицирање и планирање на активностите, со цел
 да им помогнат на МСП да продолжат да работат и / или да го подобрат својот бизнис. Покрај јапонската експертска поддршка, неопходна е и тесна соработка со партнерите во проектот, во смисла 
на споделување знаење, размена на искуства, унапредување на системот и меѓурегионална соработка.

Цели на проектот:
- Воспоставување на одржлив и стандардизиран систем на менторски услуги за поддршка на МСП
- Воспоставување систем за обука на кандидати за ментори и ментори
- Воспоставување на стандардизирана менторска услуга за МСП
- Следење и евалуација на перформансите за подобрување на системот

 

 

ПРОЕКТ: UNOPS - NORDIC-2020-GGRANT-001, Hордиска поддршка за напредок во Северна Македонија

Период на имплементација: 2018 - 2021 година

Партнери на проектот
:      Министерство за труд и социјална политика
                                              Агенција за вработување на РМ
                                              UNOPS
                                              Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија

Опис на проектот: 
-Реализација на обуки, изготвување на одржливи деловни планови, евалуација на деловни планови и регистрација на компании за невработени лица во програмата за самовработување.

Цели на проектот:
- Долгорочна цел на проектот е да се намали сиромаштијата и невработеноста и да се поддржи започнување на нови бизниси.
- Краткорочна цел на проектот е обука на избраните невработени лица и стекнување со подобрени вештини, методи и квалификации во делот на деловно планирање и успешно водење на сопствен бизнис.
- Непосредна цел на проектот е да се регистрираат нови бизниси.

Проектот ги содржи следните фази / активности:
1. Организација на четири дводневни сесии за обука од Североисточен регион, Вардарски регион, Југозападен регион и Полошки регион спроведени од регионални центри (РК Куманово, РК Велес, ЕСА Охрид, ЕСА Тетово)
2. Подготовка на одржливи деловни планови преку систем на ваучерско советување во рамките на Агенцијата.
3. Евалуација на деловните планови,
4. Регистрација на компании.

 


Наслов на проектот: SMecoMP - Алијанса на знаење во еко-иновативно претприемништво за потик на конкурентноста на МСП 

ЕУ Програма:     ИНТЕРЕГ Балканско Медитеранска програма 2014-2020

Период на имплементација: 2017-2021

 Партнери:    Универзитет Македонија – Грција (координатор)

                      Асоцијација на Бугарски Индустрии – Бугарија

                      Универзитет Тракија – Бугарија

                     Економски Факултет Прилеп – Северна Македонија

                     Технолошки факултет Кипар

                     Фондација Cyprus Enterprise Link (CEL) – Кипар

                    Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија

Опис на проект
Проектот SMecoMP разви едукативна рамка и соодветни алатки за обука за подобрување на вештините на менаџерите во областа на еко-иновации и претприемништво, со цел подобри 
економски придобивки за бизнисот и регионот, како и социјални придобивки со минимизирање на влијанието врз животната средина преку поефикасно користење на природните ресурси и поголема отпорност на климатските промени.

Цели на проект:
 - Проценка на компетенциите за претприемништво во областа на еко-иновации во балканско медитеранското подрачје.
- Развој на иновативен модел на учење и настава заснован на солидни партнерства меѓу високото образование и бизнисот за поддршка на модернизацијата на образованието
- Изработка на наставни планови и програми засновани врз когнитивните потреби и потребите за обука на професионалците
- Развој на практични и искуствени модули за обука кои се придржуваат до еко-иновативните индустриски стандарди

 


  

Наслов на проектот:        VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа 
ЕУ Програма:    IPA- Транснационална Програма за соработка на Југоистична Европа
Период на имплементација: 01/01/2013 –31/12/2014
Партнери:  SPIRIT Словенија (координатор)
                        SEERC- Грција
                        TRISE – Италија
                        UEFISCDI – Романија 
                        CTNC-Унгарија
                        ACB-Бугарија 
                        CCIT-Албанија
                        RARS-Босна и Херцеговина
                        BICRO-Хрватска
                        BU-Македонија
                        FON-Србија
                       FID-Србија
                       Агенција за Поддршка на Претприемништво на Република Македонија
Опис на проектот:
ВИБЕ  проектот  се  однесуваше на предизвиците  за развој на иновациите  и системот на  претприемништво во Североисточна Европа, преку  инвестирање на приватен капитал  во иновативни компании во соработка со јавни иницијативи и вложувања.

Цели на проектот: - Собирање и распределување на  мапи со извори за финансирање, поддршка  и поттикнување; 
- Спроведување на ефективно раководење и забрзан раст во соработка со МСП - претприемачите и експертите со што се зголемуваат можностите за  поквалитетно финансирање на МСП;
- Изработка на  ефективен инвеститорски  договор ,со земање учество  во  одделни двогодишни  презентации од страна на инвеститорите.
- Проценка, дизајнирање и тестирање на ефективни капацитети за прекугранични инвестиции со специјализирани инвестициски групи и мобилизирање на инвестициски фондови за соработка на ко-инвестиции и поддршка на растот.
- Собирање на сите забележани и истакнати сознанија на проектот, вклучително и кратки профили на МСП, инвеститори, експерти и агенции како и сите online семинари и 4-те Балкански Инвестициски Форуми, поради што поширока дисеминација и континуитет

 

Наслов на проектот: DOCSMES - Регионална Докторска Програма за Претприемништво и МСП Менаџмент за земјите од Западен Балкан
ЕУ Програма: Темпус Програма IV
Период на имплементација: 15/10/2010 - 15/07/2014
Партнери: Универзитет Болоња, Италија (UNIBO) координатор
                      Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, Македонија
                     Автономен Универзитет Барселона, Шпанија (UAB) 
                     Универзитет во Ница-Софија Антиполис, Франција (UNSA)
                     Универзитет на Југоисточна Европа, Република Македонија (SEEU)
                     Универзитет во Тирана, Албанија (UT) Земјоделски факултет во Тирана, Албанија, (AUТ)
                     Дарданиа Универзитет, Косово, (DU)
                     СЕАВУС ДООЕЛ Скопје, Македонија, 
                     Сојуз на Стопански Комори, Македонија (MSS)
                     Сојуз на Албански Индустрии, Албанија (Konfidustria) 
                     Агенција за Поддршка на Претприемништво на Република Македонија

Опис на проектот:
DOCSMES - Програмата на Докторските студии за Претприемништво и МСП Менаџмент на земјите од Западен Балкан, е креирана и имплементирана со цел на комплетирање на циклусот на високо образование во согласност со Болоњската пракса и клучните EHЕА/ERA цели. Програмата овозможи зголемување на нивото на научниот пристап и на културата на Претприемништвото во земјите на Западниот Балкан, што доведе до подобрување во поврзувањето на пазарот на работна сила. Со вклучувањето на Универзитетите и останатите заинтересирани страни, програмата нуди практично знаење, пристап до високи технологии, екстензивна база на податоци, и можности за практичен тренинг. На тој начин, со креирање на професионалци кои со својата креативност и иновативност, од една страна, и преку надградувањето на менаџерските способности во врска со малите и средни претпријатија, на друга страна, им овозможува на компаниите и на економијата во целост да го достигнат посакуваниот раст и напредок. Од големо значење е тоа дека оваа програма на студии обезбедува комбинација на најдобрите Европски пракси на учење, и локалната технологија. Докторската програма започна како Заедничка високо-степена програма од петте Универзитети во Македонија, Албанија и Косово.


Резултати:
- Креирана и имплементирана Заедничка Докторска Програма за Претприемништво и МСП Менаџмент во земјите на Западен Балкан.
- Студентите учесници имаа можност за кратки студиски посети на ЕУ Универзитетите.
- Претставници на вработените во администрацијата од сите земји од Западен Балкан беа обучени и припремени за административната поддршка на докторските програми.
- Техничките капацитети за докторската програма на земјите учеснички, корисниците на проектот, беа воспоставени, унапредени и надградени.
- Квалитетите за стандард за докторската Програма беа установени, како и Квалитетите за стандард предвидени за севкупниот проект.
- Информирањето за активностите и конференциите заедно со веб страната на Програмата, придонесоа многу универзитети кои не биле вклучени во проектот да бидат подетално информирани за новиот пристап.
- Имплементирањето на моделот на Учење на дистанца, како ефективен начин на учење и воспоставување на Совет за комуникација помеѓу универзитетите и бизнис заедницата на перманентна основа, ја има обезбедено оправаданоста на проектот.


 

Наслов на проектот: ФИНО – Механизам за поттикнување на иновативноста во Југоистична Европа 
ЕУ Програма:         Транснационална Програма за соработка на Југоистична Европа 
Период на имплемнтација:  13/07/2011- 12/02/2014
Партнери:  Фондација за Истажување и технологии – Грција
    Извршно одделение за високо образование, истражување, развој и финасирање на иновации– Романија
          AREA m styria GmbH – Австрија
          Агенција за трансфер на технологии и иновации – Италија
          Развојна компанија на Средна Панонија - Унгарија
          Министерство за економија на жупанијата Херцегбосна
          Комора за трговија и индустрија на Тирана (CCIT) – Албанија 
          Асоцијација за имплементација на технологигија
  Директорат за претприемништвото и конкурентност - Министерство за економија на Република Словенија
          Регионална агенција за иновации на Прекудунавската област – Унгарија
          Министерство за наука, образование и спорт - Хрватска
          Национална агенција за регионален развој - Србија
          Министерство за економија на Република Македонија
          Министерство за образование и наука на Република Македонија
                 Агенција за поддршка на претприемништвото на РепубликаМакедонија

Oпис на проектот:

Генерална цел на проектот FINNO беше да се создаде комуникациска платформа наменет за Институциите задолжени за донесување на одлуки во областа на иновациите. Платформата предвидува користење на зеднички воспоставен одржлив механизам за поттикнување, мерење и следење на иновациската активност на компаниите во регионот на Југоисточна Европа. 
Со него се очекува постигнување на подобрени перформанси, подобра продуктивност и подобрено ниво на иновативност во регионот на ЈИЕ со можност за меѓусебно спoредување. Истотака, во рамките на проектот е формирано тело - Одбор на FINNO, кое треба да обезбеди соодветно ниво на управување со постојаните и новите релевантни препораки за владите во Југоисточна Европа, вклучувајки ги клучните актери за иновациска поддршка.
Клучна придобивка од имплентацијата на проектот е изготвувањето на Табелата за проценка на технолошката иновативност – ТИАС и Aпликација за  самооценување - САТ, кои ќе придонесат за одредување стапката на иновативност кај компаниите - директни корисници на мерките за поттикување на иновативноста. Врза основа на стапките утврдени со ТИАС, како и утвредените недостатоци и релевантните политики во стопанствата на Владите на замјите од ЈИЕ беа подговени препораки за надминување на состојбите со едновремена надграба на капацитетите на партнерските институции вклучени во проектот.

Резултати:
- Обезбедена одржливост на воспоставениот механизам преку Одборот на FINNO (тело за одржлива соработка и поттикнување на иновативноста во земјите на ЈИЕ).
- Придонес кон поефикасно спроведување на мерките и инструментите за поддршка на иновациите во ЈИЕ и земјите-учеснички, секоја одделно.
- Подготовка на заеднички препораки за политичка акција и подготовка на нови подобрени и прилагодени мерки и  инструменти за поддршка на иновативноста во ЈИЕ
- Надградба на капацитетите на партнерските институции вклучени во проектот и други заитересирани страни преку организирање на тематски работилници за одделни целни групи на корисници.
- Следење на иновативноста и споредба во земјите преку развој на зедничка методологија за анализа на резултатите од технолошки иновации во регионот на ЈИЕ, како целина и во секоја земја-учесничка одделно, со користење на Табелата за проценка на технолошката иновативност – ТИАС 
- Придонес кон доследна дисеминација на резултатите од проектот преку користење на Механизмот ТИАС и подобрена комуникација и соработка во имплементацијата на мерките за подигнување на иновативноста кај сите засегнати страни преку. Истите треба да придонесат за повисока конкурентност, кохезија и стабилност во регионот.

 


Наслов на проектот:  new-MENTOR – Мрежа на жени претприемачи во Македонија 
ЕУ Програма:    ЦИП – Рамковна програма за конкурентност и Иновации 
Период на имплемнтација:  01.09.2011-31.08.2013
Партнери:  Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Скопје (координатор)
Фондација – Деловен Старт ап Центар, Битола
Национален центар за развој на претприемништво, иновации и претприемништво, Скопје
Фондација – Евро Центар, Св. Николе
        Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Опис на проектот:
Проектот мрежа на ментори за жени претприемачи - new-MENTOR поддржан од ЦИП програмата, беше дел од акциите кои произегоа од Извештајот за Законот за мал бизнис на Европа 2011. Проектот го поддржа работењето на националната мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија, која има за цел да го поддржи развојот на женското претприемништво и да помогне на новоформираните претпријатија од страна на жените претприемачи успешно да ги одржат своите активности во текот на првите години на постоење на бизнисот. Во целина, стратешка цел на проектот беше да се поддржи развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид, пред се, различната природа на бизнисите предводени од страна на жените.

Специфични цели на проектот :
- Да се идентификуваат и селктираат успешни (машки и женски) претприемачи во земјата, кој ќе дејствуват како ментори;
- Да реализира програма за обука на избраните ментори;
- Да се идентификуваат и селектираат жени претприемачи во земјата, во својство на менторирани;
- Да го идентификува односот ментор-менториран;
- Официјално отпочнување на Програмата за менторство;
- Да го олесни, набљудува и оцени процесот на менторирање и да придонесе за национално и меѓународно вмрежување; 
- Да се обезбеди соодветна видливост на мрежата и менторската шема;
- Да обезбеди развој на најдобри практики во менторските односи и долгорочна одржливост.

 

Наслов на проектот:      EIICM –     Eвропски Информативен и Иновативен Центар во Македонија 
ЕУ Програма:    ЦИП – Рамковна програма за конкурентност и Иновации 
Период на имплемнтација:       2007 -  2012
Партнери: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (Координатор)
                        Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Скопје 
                        Стопанска Комора на Македонија
                        Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Опис на проектот:
ЕИИЦМ е дел од Enterprise Europe Network од 2008 година, а АППРМ беше партнер во проектот во двата периоди 2008/10 и 2011/12. Основната идеја на ЕЕН мрежата е да го обединат потенцијалот на единствениот европски пазар, каде малите и средни претпријатија на многу поефикасен начин од порано ќе придонесат за поголем раст на целокупната економија, преку зајакнување на конкурентноста и иновативноста на регионите. Во таа смисла, речиси 600 организации за деловна поддршка (здруженија, агенции за иновации и за поддршка на претприемништвото, стопанските комори, универзитетите, ПТК итн) од повеќе од 50 земји секојдневно помагаат на малите и средни претпријатија да ги искористат некои од исклучителните можности за бизнис кои се достапни на единствениот ЕУ пазар. ЕИИЦМ, како дел на ЕЕН мрежата, поврзана е преку моќни бази на податоци за споделување на своето знаење и технологии, како и за комуникација со деловни партнери во сите земји на мрежата.
Општа цел на проектот беше преку мрежата за поддршка да се поттикне создавањето на нови производи, деловни услуги, и подобрени процеси од страна на нејзините клиенти преку:
- Информации во врска со ЕУ пазарите, стручни совети, деловна соработка и повратни информации од превземените активности
- Иновации, трансфер на технологија и знаење
- Услуги за охрабрување и поддршка на малите и средните претпријатија да земат учество во рамковна програма за истражување на ЕУ


Специфични  цели на проектот:
- Организација на локални и регионални настани наменети за промоција на ЕЕН Мрежата, свесноста за услугите кои таа ги обезбедува за клиентите, дисеминација на информации за релевантни теми од ЕУ, нејзините политики и програми, можности за финансирање наменети за подобрување на вештините и капацитетот за интернационализација и иновативност на МСП;
- Зголемување на свесноста кај македонските МСП за можностите кои ЕИИЦМ може да ги обезбеди, а се однесува на разрешување на проблемите со кои се соочуваат домашните МСП во нивните релации со компании од ЕУ – обезбедување на повратни информации од база на податоци за МСП;
- Користење на системот за комуникација на мрежата со цел постигнување на највисокото можно ниво на информираност кај компаниите за сите теми кои се однесуваат на ЕУ и соработката со компании од странство;
- Одржување на перманентен и непосреден контакт со компаниите со цел да се зголеми свесноста и обезбедување што  поголем број на корисници на мрежата;
- Специјализирани услуги и различни видови на индивидуална помош поврзани со иновативноста и интернационализацијата на МСП, заштита на интелектуалната сопственост,  пристап до изворите за финансирање како и програмите на ЕУсо акцент на финансирање на иновациите итн. со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на клиентите на Мрежата (МСП и давателите на деловни услуги за МСП);
- Придонес кон создавање на меѓународно конкурентни компании преку организирање на брокерски настани за МСП.



Наслов на проектот:  INTERVALUE – Регионална соработка за валоризација на истражувачки резултати
ЕУ Програма: Транснационална Програма за Соработка на ЈИЕ
Период на имплементација: 24.02.2010 - 27.04.2012
Партнери:   Универзитет Аристотел, URENIO (координатор)
             ЈИЕ Истражувачки Центар
             ARC Фонд
             Технички Универзитет Софија
             Агенција за регионален развој во ЈЗ Романија
             Универзитет - Крајова
              AICCRE – Италија
              Универзитет - Удине 
              COPE TERAMO - Терамо
               Универзитет за технологија и економија, Будимпешта 
               Theodore Puskas Фондација 
               Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ
Опис на проектот:
INTERVALUE беше проект во рамките на Програмата на ЈИЕ за Транснационална соработка. Проектот имаше за цел создавање на организациска рамка и методолошки алатки кои се однесуваат на валоризацијата на истражувањата направени на универзитетите во регионот и истражувачките центри, што претставува еден од основните предизвици на економскиот развој во ЈИЕ. INTERVALUE се базираше на фактот дека регионот на ЈИЕ заостанува во иноваторството, иако во овој процес се вклучени многу истражувачки центри и универзитетски лаборатории. Овие организации произведуваат истражувачки резултати кои неможат да го најдат својот пат кон пазарот или било каква примена.
INTERVALUE ја поддржуваше интеракцијата меѓу универзитетите и индустријата преку:
- Развој на И&Р база на податоци со научно истражувачки резултати од повеќе од 50 академски институции од 8 земји на ЈИЕ
- Развој на механизам за подготовка на планови кои се базираа на анализите на техничката физибилност, интелектуалната сопственост, пазарниот потенцијал и финансирањето на перспективните научно истражувачки резултати.
- Онлајн платформа за соработка, INTERVALUE платформа
- Веб место за учење во кое беа вклучени патоказите за онлајн учење во врска со менаџментот на интелектуалната сопственост на 7 јазици и фазите на развој на нов производ од генерирањето на идеи, оправданост на предложените проекти, комерцијализација и лансирање на производ
- Промоција на плановите на брокерски настани каде беа повикани да учествуваат инвеститори
- Поддршка во реализацијата на договори за избраните научно истражувачки резултати

 


      

Наслов на проектот: Градење на капацитетите за создавање економија базирана на знаење
Билатерален проект
Период на имплементација: 01.07.2009 - 30.06.2012
Партнери: Министерство за економија
                Министерство за образование и наука
               Машински Факултет - Скопје
               ЦИРКО
               УКИМ-БСЦ
               Стопанските Комори

Опис на проектот:
Проектот “Градење на капацитетите за создавање економија базирана на знаење“, започна со активности во јули 2009 година, по потпишувањето на Меморандум и Договор за  имплементација на проектот помеѓу Австриската Амбасада и Австриската развојна на соработка од една страна во својство на донатори и Министерството за економија и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ на друга страна во својство на корисник, со основна цел:  Да се зајакне економскиот развој во Македонија преку промоција на претприемачкото учење, економија базирана на “иновации и знаење“  и да допринесе кон намалувањето на невработеноста во државата.Специфична цел на проектот беше јакнење на услугите за деловен развој преку изградба на капацитетите на националните  даватели на услуги, промовирање и усвојување на препораките од Европскиот Чартер за Мали Бизниси, преку економија базирана на знаење.