Општо за советниците
Информации за општите советници (генералисти) и специјалисти во програмата.
Општите советници – генералисти се оспособени за сите подрачја на развивање на деловната идеја, востановување на претпријатие и негово работење во смисла на општо советување, кои во програмата ги опфаќа следните подрачја:
1. обликување и проверка на деловната идеја,
2. помош во изработка на деловен план и инвестициони проекти,
3. помош при регистрација на претпријатие,
4. менаџмент,
5. санација на претпријатие/дејност/работење,
6. маркетинг,
7. истражување на пазар,
8. финансии и сметководство,
9. човекови ресурси,
10. информациско комуникациска технологија,
11. развојни програми,
12. иновации,
13. производство, технологија, квалитет.
Советници специјалисти, во програмата се специјалисти за одделни подрачја на работењето односно, развојни програми и проекти. За нив е карактеристично што тие се со поголемо искуство, што ги определува како специјалисти за одредено подрачје на советување. Советниците специјалисти во програмата обавуваат советувања од следните подрачја:
1. Општ менаџмент вклучувајќи дијагностика, планирање и стратешки развој;
2. Маркетинг, продажба и развој на извозот
3. Финансиска контрола и менаџмент и сметководствен менаџмент
4. Развој на човекови ресурси и менаџмент на кадри
5. Прозводствено планирање и контрола, методологија и процеси, вклучувајќи технологија
6. Квалитет и менаџмент и контрола на животната околина
7. Менаџмент информативни системи, информациско-комуникациска технологија и е-бизнис.
Каталог на советници за претприемништво