Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Менторинг

ПОЧЕТНА Менторинг

Менторинг

ШТО Е МЕНТОРСТВО?


Менторство е бесплатна услуга која можат да ја користат мали и средни претпријатија (МСП) и претприемачи.

Процесот на менторство се одвива по Методологијата за спроведување на стандардизираните менторски услуги, развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA),
За корисниците обезбедува сеопфатна поддршка преку индивидуален пристап, односно 25/ 50 часа по корисник кои се реализираат во директна соработка со сопственикот и/или менаџментот на субјектот.
Менторството му помага на сопственикот или на директорот на претпријатието да ја препознае клучната точка на потенцијалот на своето работење.
Корисникот со помош на менторот развива и спроведува акциски план кој има за цел подобрување на деловните резултати.

 

КОИ СЕ МЕНТОРИТЕ?

Менторите доаѓаат од 7 надлежни регионални центри и се овластени од страна на АППРСМ и Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Менторите имаат професионално искуство во работата со мали и средни претпријатија.
Практично и теоретски менторите се обучени за овозможување на менторски услуги, со поддршка на алатките и знаењата на експертите од Јапонија.
Знаењето на менторите постојано се унапредува преку стручните тренинзи кои ги спроведуваат консултанти на ЈICA.

 

СОДРЖИНА НА МЕНТОРСКИТЕ УСЛУГИ?

• Дијагностицирање, за да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието;

• Помош при подготовка на развојни активности / акциски план/ови / проекти за да се постигнат целите на деловниот субјект;

• Консултации / советувања, координација и помош во подготовка на потребна документација за пристап до финансиски средства, нови технологии, консултантски услуги и сл., за да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето;

• Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки како и останатите достапни програми за поддршка за МСП;

• Помош при изнаоѓање деловни партнери;

• Помош при добивањето на потребните информации;

• Обуки;

• Упатување кај соодветни специјализирани консултанти.


КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА МЕНТОРСТВО?

КАТЕГОРИИ НА КАНДИДАТИ

Mали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:

•  Регистрирани се на територијата на Република Македонија со доминантно домашен капитал;
•  Ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси)
•  Нe вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на  среќа / лотарија.

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријави во две категории:

•   Ново-основани претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавувањето на Јавниот   повик;

•    Постојни претпријатија - кои се постари од 3 години.

ПРИЈАВА ВО 3 ЧЕКОРИ:

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПРИЈАВА кликни овде

ПОДГОТВЕТЕ ЈА И ПОПОЛНЕТЕ ЈА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ПРЕДАДЕТЕ ЈА ЛИЧНО ИЛИ ПРАТЕТЕ ЈА ПРЕПОРАЧАНО ПО ПОШТА

 нa адреса на еден од седумте Регионални Центри кликни овде

ИНФОРМАЦИИ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ

Информациите, Јавниот повик, Упатството и другите придружни обрасци достапни се на сајтот: 

http://www.apprm.gov.mk/Mentoring

и

https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/.

 

За дополнителни информации можете да се обратите со повик на телефонитe:

 075 444 092-Маја Тасева и 075 204 371 – Елеонора Божиновска

или

преку електронска пошта на адресите: apprm@apprm.gov.mk и mentoring@apprm.gov.mk