Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Реализација на програмата

ПОЧЕТНА Реализација на програмата

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА


Каталог на советници за претприемништво


Во Каталогот се наоѓаат податоци за советниците за претприемништво во Програмата на ваучерско советување и тоа: Генералисти и Специјалисти, кај кои може да добиете советодавни услуги по субвенционирани цени. Советниците во Каталогот може да ги пребарате по име, град, вид на советник (генералист, специјалист) и подрачје на советување.
Советниците во програмата се должни да ги почитуваат начелата на етичкиот кодекс за советници. Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија ги прима усните и писмените жалби во врска со кршењето на начелата на кодексот или упатството за спроведување на програмата и при востановени неправилности може да ги одземе овластувањата на советникот за извршување на советодавни услуги во програмата на ваучерско советување. 

Основи за предлог за исклучување на советникот се:
1.кршење на прирачникот на процедури за изведување на програмата,
2.несоодветен квалитет на работата на советникот, со која е предизвикана материјална или морална штета на корисникот на советувањето,
3.сериозни повреди на Етичкиот кодес на советниците во програмата,
4.повреди на важечкото законодавство.

Прирачник на процедури за спроведување на Програмата
Клучен документ кој го потврдува Програмско Развојниот Совет и кој ги обврзува сите учесници и изведувачи на Програмата.

Евалуација на пилот фазата (.pdf 714 KB) 

Извештај од извршената анализа на работењето во пилот вазата (ноември 2005 – јануари 2006)