Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија ги прифаќа и обработува само потполните оригинални ваучери и барања, кои со сите барани прилози ќе пристигната во Агенцијата за поддршка на претприемништво најкасно последниот ден од важноста на ваучерот. За време на важноста на ваучерот Агенцијата за поддршка на претприемништво мора да ги прими оригиналните фактури односно, барања со сите потребни прилози.
Ако Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија фактурите/барањата не ги врати во рок од 8 дена од приемот, ќе значи дека фактурата/барањето се смета за потврдено. Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија на жиро сметка на советодавното претпријатие односно, издавачот на барањето го дозначува износот согласно фактурата / барањето во рок од 60 дена од потврдување на фактурата/барањето односно најдоцна тогаш кога од страна на нарачателот се обезбедат средства са спроведување.
Образец: Барање за исплата на субвенција.