Потенцијалните претприемачи, невработените лица пријавени во АВРМ и веќе вработените лица кои имаат аспирации да отпочнат сопствен бизнис и се самовработат, може лесно да се вклучат во Програмата, ако од АВРМ добијат потврда дека се невработени или препорака за вклучување во програмата на ваучерско советување и нивно самовработување. Со вклучување во Програмата на ваучерско советување тие се обврзуваат, дека во рок од 6 месеца од потпишување на Договорот за вклучување во Програмата ќе се самовработат. Веќе вработените лица со пополнување на изјава (Прилог 16) можат исто така едноставно да се вклучат во Програмата на ваучерско советување.