Критериуми за вклучување во целната група - активни претпријатија
1. Активни претпријатија во малото стопанство
- активно претпријатие е трговско друштво согласно чл. 3 од Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (Сл. Весник на РМ. бр. 60/2003). Активното претпријатие е должно на изведувачот на програмата да му достави доказ за тоа дека е впишано во соодветен регистар, заедно со изјавата на законскиот застапник за вистинитоста на податоците и обврската за информирање за евентуалните измени. Субвенцијата во програмата за ваучерско советување не може да ја користат претпријатијата кои се бават и кои имаат како главна дејност регистрирано:
- Сектор А – Земјоделство, лов и шумарство
- Сектор Б – Рибарство
- активно претпријатие на кое му е потребно советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти.
- активното претпријатие не е во стечајна постапка, постапка на присилно порамнување или ликвидација.
2. Активни мали и средни претпријатија (иновативни)
Активни мали и средни претпријатија со иновативни проекти, односно со потенцијал за развоја на нови производи или процеси.
Покрај задоволување на општите услови за активни претпријатија, други услови потребни за вклучување на активните МСП во Програмата на ваучерско советување, односно иновативен ваучер се:
- МСП да бидат профитабилни во последните три години,
- МСП во последните три години да реализирале или учествувале во реализација на истражувачки и/или развојни проекти,
- МСП кое аплицира за иновативен ваучер треба да објасни и образложи како проектот за иновативен трансфер на знаење ќе има корисно влијание на фирмата учесник, односно дека иновативните решенија ќе обезбедат додадена вредност за фирмата и ќе имаат подолготраен ефект,
- Проектот за трансфер на знаење не може да биде софтвер, тренинг, продажба,
Активните МСП може да побараат советување во рамки на програмата за ваучерско советување и издавање на иновативен ваучер за следните подрачја:
- Развој на нов производ / услуга,
- Total Quality Management (TQM),
- Just in Time (JiT),
- Истражување и развој,
- Заштита на интелектуална сопственост,