Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Субвенционирање

ПОЧЕТНА Субвенционирање
Субвенционирање



Програмата за ваучерското советување субвенционира:

  • Советувања и оспособувања од областа на деловните функции на претпријатието (на пр. водење и управување, производство, продажба, набавка, финансии, инвестиции и сл.),
  • Советувања и оспособувања за изготвување на развојни програми и проекти (на пр. советување при организација на производство, деловни и инвестициски програми и планови, засилување на деловна соработка и заеднички вложувања, иновации, подготвителни активности за воспоставување на системи на квалитет (HACCP, ISO стандарди,.....), финансиска реорганизација, план за интернационализација, подготвување на стратешки документи, подготвување на маркетинг стратегии, подготвување на проект за изградба и трансформација на информациски системи, подготвување на програми од областа на човечките ресурси, подготвување на деловни планови за растеж на претпријатието и стекнување на сопственички извори на финансирање, пријавување на домашни и странски конкурси и сл.)
  • Советување и оспособувања во областа на правото ( советување при избор на статусни облици на претпријатието, деловно правно законодавство, стопанско право, заштита на интелектуална и индустриска сопственост, законодавство на ЕУ)
  • Советувања и оспособувања од областа на даноците,
  • Советувања и оспособувања од областа на сметководството, (воспоставување на сметководствената функција во претпријатието),




Програмата не субвенционира:

  • стекнување на формално образование (стекнување на повисок степен на образование, преквалификација)
  • курсеви за изучување на јазици,
  • основно компјутерско описменување – Microsoft office (Word, Excel, Power Point, Access, Outlook), Internet Explorer, Outlook Express,
  • стекнување на цертификати, дозволи, согласности и сл. (н.пр. недвижнини, патен сообраќај, безбедност и заштита од пожар, HACCP, ISO стандарди, CE ознаки, ХТП и сл.),
  • трошоци за материјали, литература и сл.,
  • трошоци за стручни проверки на знаења, испити и сл. (н.пр. мајсторски испит),
  • водење на сметководство, изготвување на сметководствени пресметки, изготвување на изворни и изведени сметководствени документи, изготвување на даноќна пријава,
  • патни трошоци,
  • изработка на локациска, градежна и друга потребна документација и проекти,
  • трошоци за судска заштита, нотарски трошоци,
  • изработка на работно-правни акти (изработка на акти за систематизација, договори за вработување, решенија за годишен одмор и сл.),