АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 22 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18 и 3/25); член 12 од Статутот на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2025 година (Сл. Весник 27/2025), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК (СО ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) бр. 4/2025
за пријавување и избор
на организации за деловна поддршка на претприемништвото
за реализација на програмските активности
ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НА СОВЕТУВАЊЕ И ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)
1. ИМЕ, ОДНОСНО НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГИ ДОДЕЛУВА СРЕДСТВАТА
Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија со седиште на Кеј Димитар Влахов број 3/2, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Агенција).
2. НАМЕНА, ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1 Намена и цел на јавниот повик - Намена на јавниот повик е поддршка на потенцијалните претприемачи (невработени лица) и мали и средни претпријатија (во понатамошниот текст МСП) во согласност со Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2025 година, односно имплементација на Ваучерски систем за советување со цел давање поддршка на зајакнувањето на конкурентноста на постоечките мали и средни претпријатија и поддршка на самовработувањето. Целта е ширење на ваучерскиот систем за советување како инструмент за подобрување на работењето на секторот на МСП како систем за поддршка на МСП за премостување на привремени пречки во работењето, со цел зголемување на бројот на одржливи бизниси со потенцијал за натамошен раст и развој во согласност со прирачникот за Ваучерскиот систем на советување..
Целите на јавниот повик се:
- се поголем број на нови фирми да бидат во состојба да преживеат во тек на критичните први години на постоење,
- се поголем број на фирми да бидат во состојба да остварат повисоки стапки на развој,
- се поголем број на невработени лица (потенцијални претприемачи) да започнат со имплементација на нивниот бизнис (изготвување на бизнис план, регистрација на фирма),
- формирање на нови работни места и
- поттикнување на локалниот пазар на советување (консултантство).
2.2. Предмет на јавниот повик. Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка (ОДП) на претприемништвото кои ќе бидат ангажирани за реализација на програмските активности: Поддршка за самовработување (точка 1) и Ваучерскиот систем на советување (точка 3) од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2025 година, како и други проектни активности поврзани со промоција на претприемништвото, градење на капацитетите кај целните групи и зголемување на конкурентноста на МСП.
2.3 Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во придружната документација кон јавниот повик и истата заинтересираните подносители на пријава, може да ја подигнат во просториите на Агенцијата, секој работен ден од 10:00 – 15:30 часот или на WEB страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk
3. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА
Пријавата треба да содржи:
3.1. Општи услови (документи):
- Име, адреса и седиште на понудувачот,
- Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар,
- Копија од последна завршна сметка предадена во Централен регистар,
- Уверение за платени даноци издадено од даночните органи,
- Изјава на понудувачот со која се прифаќаат условите од јавниот повик.
Бараните документи треба да не се постари од 6 месеци од денот на издавањето и да бидат доставени во оригинален примерок или копија заверена од понудувачот.
3.2 Посебни услови (со кои понудувачот ја докажува техничката способност):
3.2.1. Техничка и просторна оспособеност на апликантот каде ќе се реализираат активностите „Поддршка за самовработување (претприемништво)“ и “Ваучерски систем на советување“.
Апликантот треба да ги исполнува следните услови:
3.2.1.1.Поседување на соодветен простор за изведување на активностите.
3.2.2.2.Поседување на соодветна информатичка опрема за изведување на предметот на јавниот повик вклучувајќи опрема за презентација.
3.2.2.Обучен кадар со работни биографии и изјави од персоналот кои работат на реализација на предметот на јавниот повик,
3.2.3. Список на реализирани проекти (обуки, семинари, работилници и други услуги од областа на малото стопанство), кои се во непосредна врска со предметот на јавниот повик,
3.2.4. Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство,
3.3 Право да поднесуваат понуди имаат институции чиј предмет на работа е поддршка на претприемништвото и малото стопанство, наведени во член 20 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18 и 3/25).
4. ЦЕЛНИ ГРУПИ/КОРИСНИЦИ
Како целни групи кои се корисници на ваучерскиот систем на субвенционирано советување се сметаат невработените лица, потенцијалните претприемачи и МСП.
5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Основни критериуми врз основа на кои Агенцијата ќе ја оценува способноста на организациите за деловна поддршка за извршување на предметот на јавниот повик:
Бр.
|
Опис
|
Поени
|
а)
|
Обучен кадар и број на вработени
|
40
|
б)
|
Реализирани проекти од областа на претприемништвото и давање поддршка на МСП
|
30
|
в)
|
Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство
|
15
|
г)
|
Техничка и просторна оспособеност на апликантот каде ќе се реализират активностите
|
15
|
6. ДИНАМИКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:
АПРИЛ - ДЕКЕМВРИ 2025 година.
7. БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
Буџетските средства за реализација на овие активности се наменети за исплата на овластени советници, за административни трошоци на ОДП поврзани за реализација на активностите, како и за исплата на експертска комисија за оценување на бизнис планови во рамки на програмата поддршка за самовработување.
8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА
Пријавите треба да се достават/пристигнат во архивата на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 28.03.2025 година.
Пријавата со бараните документи се доставува на следната адреса:
Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
Кеј Димитар Влахов бр. 3/2, 1000 Скопје.
На ковертот треба да биде назначено:
»ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР.4 ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДЕЛОВНА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот.
Нецелосните пријави, како и пријавите што ќе се достават или пристигнат по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Придружна документација (линк)
Дополнителни информации на тел. 02/3120-132
в.д. Директор
Даниела Димовска