
АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 22 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18 и 3/25); член 12 од Статутот на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2025 година (Сл. Весник 27/2025), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК (СО ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) бр. 1/2025
за пријавување и избор
на организации за деловна поддршка на претприемништвото
за реализација на програмската активност
СТАНДАРДИЗИРАНИ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ
1. ИМЕ, ОДНОСНО НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГИ ДОДЕЛУВА СРЕДСТВАТА
Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија со седиште на Кеј Димитар Влахов број 3/2, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Агенција).
2. НАМЕНА, ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1 Намена и цел на јавниот повик - Намена на јавниот повик е поддршка на мали и средни претпријатија (во понатамошниот текст МСП) во согласност со Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2025 година, односно имплементација на програмската активност Стандардизирани менторски услуги како систем за поддршка на МСП за премостување на привремени пречки во работењето, со цел зголемување на бројот на одржливи бизниси со потенцијал за натамошен раст и развој, во согласност со Методологијата за стандардизирани менторски услуги (СМУ).
Целите на јавниот повик, односно на стандардизираните менторски услуги како поддршка на МСП се:
- се поголем број на нови фирми да изградат стабилна и одржлива основа за долгорочен успех
- се поголем број на фирми да бидат во состојба да остварат повисоки стапки на развој,
- креирање на нови работни места
- поттикнување на поврзувањето на МСП со специјализираните даватели на советодавни услуги и
- информирање на МСП за програмите за поддршка обезбедени од државните институции и донаторски проекти
2.2. Предмет на јавниот повик. Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото кои ќе бидат ангажирани за реализација на програмската активност стандардизирани менторски услуги (точка 4), од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2025 година.
2.3 Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во придружната документација кон јавниот повик и истата заинтересираните подносители на пријава, може да ја подигнат во просториите на Агенцијата, секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот или на WEB страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk
3. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА
Пријавата треба да содржи:
3.1. Општи услови (документи):
- Име, адреса и седиште на понудувачот,
- Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар,
- Копија од последна завршна сметка предадена во Централен регистар,
- Уверение за платени даноци издадено од даночните органи,
- Изјава на понудувачот со која се прифаќаат условите од јавниот повик.
Бараните документи треба да не се постари од 6 месеци од денот на издавањето и да бидат доставени во оригинален примерок или копија заверена од понудувачот.
3.2 Посебни услови (со кои понудувачот ја докажува техничката способност):
3.2.1. Техничка и просторна оспособеност на апликантот каде ќе се реализират активностите за “Стандардизирани менторски услуги“.
Апликантот треба да ги исполнува следните услови:
3.2.1.1.Поседување на соодветен простор за изведување на активностите.
3.2.1.2.Поседување на соодветна информатичка опрема за изведување на предметот на јавниот повик вклучувајќи опрема за презентација.
3.2.2.Обучен кадар со работни биографии и изјави за достапност од персоналот кои ќе работи на реализација на предметот на јавниот повик,
3.2.3. Список на реализирани проекти/активности од областа на претприемништвото, односно практична поддршка на деловното работење на МСП,
3.2.4. Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство.
3.3 Право да поднесуваат понуди имаат институции чиј предмет на работа е поддршка на претприемништвото и малото стопанство, наведени во член 20 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18 и 3/25).
4. ЦЕЛНИ ГРУПИ/КОРИСНИЦИ
Како целни групи кои се корисници на менторските услуги се сметаат МСП.
5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Основни критериуми врз основа на кои Агенцијата ќе ја оценува способноста на организациите за деловна поддршка за извршување на предметот на јавниот повик:
Бр.
|
Опис
|
Поени
|
а)
|
Обучен кадар и број на вработени
|
40
|
б)
|
Реализирани проекти/активности од областа на претприемништвото, односно практична поддршка на деловното работење на МСП
|
30
|
в)
|
Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство
|
15
|
г)
|
Техничка и просторна оспособеност на апликантот каде ќе се реализират активностите
|
15
|
6. ДИНАМИКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:
МАРТ - ДЕКЕМВРИ 2025 година.
7. ВКУПНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ
- Стандардизирани менторски услуги – 3.200.000,00 денари.
Средствата се наменети за исплата на овластени ментори, обуки и за административни трошоци на ОДП за реализација на активностите.
8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА
Пријавите треба да се достават/пристигнат во архивата на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 20.03.2025 година, до 15:30 часот.
Пријавата со бараните документи се доставува на следната адреса:
Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
Кеј Димитар Влахов бр. 3/2, 1000 Скопје.
На ковертот треба да биде назначено:
»ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР.1 ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДЕЛОВНА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО - СТАНДАРДИЗИРАНИ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ – НЕ ОТВОРАЈ«.
На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот.
Нецелосните пријави, како и пријавите што ќе се достават или пристигнат по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Придружна документација
Дополнителни информации на тел. 02/3120-132
в.д. Директор
Даниела Димовска