ПОМОШ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ СО ЈАПОНСКА МЕТОДОЛОГИЈА – КАКО ДА СЕ НАПРАВИ „ДИЈАГНОЗА“ НА БИЗНИСОТ

Објавено на - јуни 10 , 2020

Агенцијата за поддршка на претприемништвото со јавен повик за менторски услуги

Годинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице – ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник).

 

Agencija za pretpriemnistvo-3

Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) веќе трета година по ред го објавува Јавниот повик за имплементација на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија (МСП) со цел да обезбеди бесплатна и техничка поддршка за сеопфатен развој и подобри резултати на деловите субјекти на Северна Македонија.

 

Годинешниот јавен повик е отворен од 19 Мај до 19 Јуни 2020 година, а заинтересираните деловни субјекти – мали и средни претпријатија ќе имаат на располагање стручно лице – ментор кој ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управителот на компанијата за одреден број часови (50 часа по корисник).

 

Според претставниците на АППРСМ, деловното управување бара голема одговорност.
„Малите и средни компании честопати треба да управуваат со недоволни деловни ресурси како што се: материјали, суровини, човечки ресурси, информации или време. Меѓу овие ресурси, времето е најоскудниот ресурс за МСП. На почетокот, тие се занимаваат со многу оперативни работи и немаат време да ја анализираат нивната моментална состојба и да создадат стратегија за подобрување на нивниот бизнис. Затоа менторските услуги се клучни за нивниот развој или опстанокот на пазарот.“ објаснува директорот на АППРСМ, Љупчо Довичински.

 

Сопственикот/застапникот/раководителот заедно со менторот го проучуваат тековното работење на претпријатието, причините за тековните состојби или застои за непречен понатамошен развој, најважните потенцијали за раст и врз основа на утврдената состојба менторот и корисникот на услугата заеднички подготвуваат Акционен план или план за развој, додава Довичински.
„Важно е да се истакне дека менторството е процес на заедничко работење, а меѓусебната комуникацијата и довербата се клучни за успехот.“

 

Стандардизираните менторски услуги за МСП се спроведуваат преку овластени ментори, кои се вработени или работно ангажирани од страна на надлежните регионални центри за развој на малите и средни претпријатија, кои се дел од институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

 

„Дијагностицирање“ на компанијата

 

Регионалниот проектот „Воспоставување и промовирање на стандардизирани менторски услуги за МСП во Западен Балкан Фаза2“ се спроведува истовремено во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, а корисниците се избираат преку Јавен повик еднаш годишно.

 

Стандардизираните менторски услуги за МСП се бесплатни и се темелат на Методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).
„Јапонија го усвои Законот за поддршка на малите и средни претпријатија во 1963 година и оттогаш поддршката на МСП е едно од клучните фокуси на јапонската влада со цел да се овозможи економски раст. Иако Јапонија денес прерасна во една од најголемите светски економии, нејзината заложба за поддршка на малите и средни претпријатија останува непроменета.“, вели директорот на Агенцијата, Довичински.

 

Јапонија издава државен сертификат – „Експерт за дијагностицирање на малите и средни претпријатија“ и им дава поддршка на сопствените МСП преку менторите кои поседуваат ваков сертификат.
Во изминатите две години во државава 42 компании минаа низ процесот на менторство за МСП и добија поддршка од јапонските експерти, а во меѓувреме и 12 ментори од Северна Македонија беа обучени и го добија истиот сертификат – овластување за работа како ментори од тимот на JICA.

 

Во моментот, во процес на обука се дополнителни 7 ментори. Одржливост на системот се обезбедува и со постојано унапредување на вештините на менторите, кои покрај основната обука за ментори, имаат можност да разменуваат искуства преку учество на средби на сите ментори, обука на обучувачи, практични обуки на лице место, менторски награди, специјализирани обуки (интернационализација, КАИЗЕН) од врвни јапонски експерти и друго.

 

Бидејќи менторството како метод за поддршка на МСП потекнува од Јапонија, тоа во себе ја содржи изворната филозофија – дека човекот/човечкиот фактор е движечката сила и клучниот фактор за развој на компанијата. Секој вработен во МСП, од највисокиот менаџмент до вработените се поттикнуваат да заземат проактивна улога во делот на своето работење.  Секој, поединец може да придонесе во процесите кои секојдневно ги извршува и да внесе подобрувања или поефективни начини да го зголеми ефектот, намали времето на извршување на работата, ги намали трошокот на материјали или отпад,  подобрувајќи ја сопствената продуктивност и со тоа и продуктивноста на целата компанија. Многу често тие моменти се основата за иновативни решенија или воведување на нови иновативни производи со многу поголема додадена вредност од појдовната точка.

 

Za vnatre l

Менторството како метод за поддршка на МСП потекнува од Јапонија, тоа во себе ја содржи изворната филозофија – дека човекот/човечкиот фактор е движечката сила и клучниот фактор за развој на компанијата. Секој вработен во МСП, од највисокиот менаџмент до вработените се поттикнуваат да заземат проактивна улога во делот на своето работење.

 

 

Поддршка во развој на консултантството
Покрај тоа што менторите треба да преземат одговорност како поддржувачи на малите и средни претпријатија, тие исто така треба да преземат одговорност како стручни лица овластени од АППРСМ како владина агенција, која спроведува програми за поддршка на МСП на национално ниво. Со ова се подразбира дека од менторите исто така се очекува да укажат на програмите за поддршка на МСП, како што се создавање на деловни можности преку деловни саеми, грантови, извори на финансирање и ваучери, обезбедени од Владата и други донатори. Овие програми може да бидат поостварливи и поефективни доколку малите и средни претпријатија аплицираат за програмите со ментори кои знаат како да остварат пристап до овие програми и како да изготват практични акциони планови.

 

 Покрај овие функции, менторството може да донесе и други придобивки во спроведувањето на програмите за поддршка на МСП во Македонија. Прво, менторите директно комуницираат со голем број МСП, така што може да соберат клучни информации за малите и средни претпријатија, што е многу корисно, бидејќи ваквите информации многу тешко може да се добијат од статистички податоци.
Второ, користа од консултантските услуги во Северна Македонија не се доволно препознаени и усогласени. За да станат конкурентни, важно е малите и средни претпријатија да соработуваат со професионални консултанти, но многу од нив се двоумат дали да користат консултанти водено и поради ограничените финансиски ресурси. Доколку менторите обезбедат висококвалитетни стандардизирани менторски услуги за малите и средни претпријатија, тие ќе ја разберат важноста на соработката со професионалните консултанти. Тоа ќе ја унапреди соработката помеѓу македонските претпријатија и професионалците, а потоа ваквото опкружување ќе им овозможи на малите и средни претпријатија побрзо да ја подобрат својата дејност и да развиваат поконкурентни производи и услуги.

 

Како да се аплицира за менторските услуги
Услугата се однесува на бесплатно менторство за ново основаните МСП, не постари од три години од денот на објавување на Повикот и компании чие деловно работење е подолго од три години (регистрирано пред февруари 2017 година), кои се наоѓаат во клучен момент за нивниот понатамошен раст и развој или пак опстанок на пазарот. Особено се охрабруваат производствените претпријатија и претпријатија во сопственост/управувани од жени претприемачи да земат учество на повикот.
Малите и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови, имаат право да учествуваат на јавниот повик за бесплатни менторски услуги:
• да се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со претежно домашен капитал;
• да ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси);
• не спроведува деловни активности во рамките на воената индустрија или организирање игри за коцкање / лотарија
Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично во надлежните Регионални центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со напомена/ознака: „Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2020 година.“
Јавниот повик е отворен до 19 Јуни 2020 година, а пријавата, обрасците за апликација и адресите на Регионалните центри се достапни на веб-страницата на АППРСМ: www.apprm.gov.mk За дополнителни информации, сите заинтересирани страни можат да се јават во наведените регионални центри или во АППРСМ преку е-пошта: mentoring@apprm.gov.mk

Za ramka lШто значи менторство и кои се придобивките од овој процес?

Менторството подразбира утврдување на клучната точка за развојот на претпријатието, насочување, поддршка и водство на малите и средни претпријатија со цел да ги фокусираат своите ресурси токму кон неа, објаснуваат од Агенцијата за поддршка на претприемништвото.
„Постојат голем број предизвици во работењето на малите и средни претпријатија, но невозможно е на сите соодветно да се осврнат. Во услови на сериозна конкуренција, најважната работа за малите и средни претпријатија е да го откријат клучот за успехот за нивниот бизнис и да се фокусираат на тоа, со цел да продолжат да работат и/или да го подобрат своето работење и да се развиваат.“
Менторството е дизајнирано за да биде сеопфатно и да обезбеди долгорочна поддршка за малите и средни претпријатија кои ќе поттикнат понатамошно подобрување и развој во соработка со менторите. Во текот на менторството, менторот има улога на олеснувач, координатор и советник кој го поддржува претпријатието да ја постигне целта.
Најважната активност во менторството е Дијагнозата на претпријатието. Со нејзино спроведување менторите ја утврдуваат најважната точка во дејноста на малите и средни претпријатија и изготвуваат конкретен акционен план заедно со нив. Покрај тоа, менторите им помагаат на малите и средни претпријатија да ги направат првите чекори во реализација на планот и понатаму го следат напредокот за да се олесни спроведувањето на истиот.
„На пример, доколку на МСП му е потребен пристап до финансиски средства за понатамошни инвестиции, менторот може да му помогне да аплицира за банкарски кредит или да воведе програми за поддршка на МСП обезбедени од Владата или други институции. Доколку на МСП му е потребен деловен партнер за да извезува производи, менторот може да му помогне да пронајде странски деловни партнери користејќи ги достапните владини и донаторски проекти и други корисни информации. Ако е потребно специјализирано стручно знаење како што е на пример HACCP, ISO, маркетинг, менаџмент итн., менторот може да им помогне наоѓајќи соодветни професионални консултанти или програми за поддршка на МСП обезбедени од Владата.“, објаснуваат од Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

 

Линк до изворна страна --- > >