ЈАВЕН ПОВИК
до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата на бесплатна деловна подддршка - Стандардизирани менторски услуги во 2024 година
Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија – АППРСМ во 2024 година, во која се обезбедени средства за спроведување стандардизирани менторски услуги наменети за мали и средни претпријатија (МСП).
Услугата се спроведува преку овластени ментори, кои работно се ангажирани во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП, а се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и МСП.
Стандардизираните менторски услуги имаат за цел поддршка и несметан развој на истите, како и намалување на бројот на неуспешните деловни субјекти, преку обезбедување на сеопфатна и навремена деловна поддршка.
Процесот на менторирање се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и јапонскиот модел на менторство. Методологијата одредува чекори во процесот на менторирање кои стручно лице – Овластен ментор ги спроведува преку одреден број на часови (25 часа за почетни и 50 часа за зрели претпријатија-корисници), и тоа во непосредна соработка со сопственикот и/или правниот застапник/менаџментот на субјектот. Менторот и менторираниот деловен субјект заеднички го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните состојби и пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и врз основа на идентификуваната состојба го подготвуваат планот за развој, односно Акцискиот план.
Методологијата на стандардизирани менторски услуги јасно ги дефинира сите чекори и активности во спроведувањето на истите (управување, теренска работа, бројот на посети, активности во контекст на секоја посета, часовите распределени за подготовка на планови и известување) преку прирачници: Прирачник за општо разбирање на менторството, Прирачник за менторство на зрели претпријатија, Прирачник за менторство на ново-основани претпријатија, како и Упатството за менторство (второ издание).
СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ
• Дијагностицирање, за да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието;
• Помош при подготовка на развојни активности /акциски план/ови / проекти за да се постигнат целите на деловниот субјект;
• Консултации / советувања, координација и помош во подготовка на потребна документација за пристап до финансиски средства, нови технологии, консултантски услуги и сл., за да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето;
• Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки како и останатите достапни програми за поддршка за МСП;
• Помош при изнаоѓање деловни партнери;
• Помош при добивањето на потребните деловни информации;
• Обуки;
• Упатување кај соодветни специјализирани консултанти и донаторски програми
Услугата се однесува на бесплатно менторирање на мали и средни претпријатија кои се наѓаат во клучен момент за нивниот натамошен развој или опстанок на пазарот.
Заинтересираните кандидати поднесуваат пријави во две категории:
• ново-основани претпријатија - не постари од 3 години од денот на објавувањето на Јавниот повик;
• постојни (зрели) деловни претпријатија - регистрирани пред февруари 2021 година;
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество на Јавниот повик за обезбедување менторски услуги имаат:
Мали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:
- регистрирани се на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
- ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси)
- не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа / лотарија
- Особено се охрабруваат производствените претпријатија и претпријатија во сопственост/управувани од жени претприемачи да земат учество на јавниот повик
АППРСМ ќе ја отфрли секоја пријава доколку при оценувањето, изборот или склучувањето на Договорот утврди дека Подносителот:
- поднел некомплетна пријава
- не ги содржи бараните документи, кои се предуслов за учество на Јавниот повик
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат од - 15 април до 15 октомври 2024 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
1. За ново-основаните претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавувањето на јавниот повик, како и за постојните (зрели) претпријатија, кои се регистрирани пред февруари 2021:
- Пополнета пријава – Образец 1;
- Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)
- Биланс на состојба и Биланс на успех за 2023 година (копија)
АППРСМ го задржува правото да побара, доколку е потребно, од Подносителот и дополнителна документација, но исклучиво врзано за целите на поднесување на Пријавата.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично или препорачано до Регионалните Центри наведени подоле, со забелешка: Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2024 година.
Регионален Центар Скопје
Фондација за развој на мали и средни претприемништва
ул. Партизански Одреди 17, влез 3 (мезанин), 1000 Скопје
e-пошта:recs@recs.org.mк
Лицa за контакт:
Светлана Киревска svetlanakirevska@gmail.com070 720 580
Евгенија Лисичова e.lisichova@gmail.com071 530 548
Ленче Јачева, јemisdooel@gmail.com; 078 441 910
Драган Костиќ, d.kostic65@gmail.com; 075 281 040
|
Регионален Центар Велес
Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија
ул. Димитар Вахов 27, 1400 Велес
e-пошта:rcve@t.mk
Лицa за контакт:
Анита Самарџиева rcve@t.mk075 326 667
Зоран Велковски, zoran.velkovski@gmail.com, 070 380 145
Самоил Малчески, samoil.malcheski@gmail.com; 070 317 336
|
Регионален Центар Битола
Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка
Бул. 1 Мај бб, 7000 Битола
e-пошта: rcbt@t.mk
Лицa за контакт:
Никола Димковски regiobt.mk@gmail.com070 997 084
Милена Димковска milena.p.mkd@gmail.com071 464 950
Предраг Стојкоски, predrag@solutions.mk, 077 681 579
Гоце Маркоски, goce.markoski@uklo.edu.mk, 071 360 613
Горан Попоски, gpoposki64@gmail.com, 070 353 885
|
Регионален Центар Струмица
Фондација за развој на мали и средни претпријатија
ул. 11 Октомври бб, 2400 Струмица
e-пошта: rcsr@t.mk
Лицa за контакт:
Марија Ташеваrcsr@t.mk071 201 068
Васка Костадинова vaska_taseva@yahoo.com078 806 150
Верица Чорев verica.chorev@yahoo.com077 983 943
Марија Самараков, marija.samarakov@gmail.com, 078 760 469
|
Регионален Центар Куманово
Фондација за развој на мали и средни претпријатија
ул. Илинденска бб, 3 кат,(поранешен Комитет) 1300 Куманово
e-пошта: razvojku@mt.net.mk
Лицa за контакт:
Димитар Ташевски, dimitartasevski@yahoo.com; 078 300 605
Игор Георгиев – eurokiwi@t.mk075 651 790
Сашо Велковски –sasovelkovskisv@gmail.com071 208 977 Јован Стоименовски,- jovan.stoimenovski@gmail.com; 070 380 830
|
ЕСА Тетово
Фондација за поддршка на претпријатија
Илинденска бб (Блок 87/13, локал 2), 1220 Тетово
e-пошта: esate@t.mk
Лицa за контакт:
Неби Јусуфи,esate@t.mk070 329 256
Салајдин Идризи -esate@t.mk070 224 005
Леарта Јусуфи, learta.jusufi@gmail.com, 070 710 040
|
ЕСА Охрид
Фондација за поддршка на претпријатија
Булевар Туристичка бб (п.фах 129), 6000 Охрид e-пошта: esaoh@t.mk
Лицa за контакт:
Мимоза Поповска mpm_ds@t.mk 070 391 664
Тони Цветаноски tcvetanoski21@gmail.com076 437 545
|
|