АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2021 година (Службен весник бр. 18/2021), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за субвенционирање на советодавни услуги во рамки на програмската активност “Ваучерски систем на советување“
1. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија и потенцијалните претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ.
Согласно точка 2 – Ваучерски систем на советување (ВСС) од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2021 година (Службен весник бр.12/2021) за оваа намена, вклучително и административната надокнада за Фондациите за поддршка на претпримеништвото, односно Организациите за деловна поддршка преку кои на регионално ниво се реализира оваа програмска активност, предвидени се 1.500.000,00 денари.
2. Право на учество на јавниот повик имаат следните целни групи:
A) Активни микро, мали и средни претпријатија. Главни услови за вклучување во програмата се:
- Активното претпријатие да има потреба од советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти,
- Активното претпријатие да не е во стечајна постапка, постапка на присилно поравнување или ликвидација.
- Претпријатијата од областа на земјоделието, шумарството, ловот и риболовот се исклучени од програмата на ваучерско советување.
Документи кои теба да се приложат: (1) Регистрација на претпријатието, (2) Финансиски извештаи за последната година (биланс на успех и состојба), (3) Изјава од законски застапник (Прилог 9 од ВСС), во случај на прифаќање на пријавата.
Б) Потенцијални претприемачи / невработени лица (пријавени во Агенција за вработување на РСМ, со намера за самовработување).
3. Износ на субвенција
- Активни претпријатија: субвенција до 50 % од нето вредноста на советувањето, но најмногу до 45.000,00 денари за времетраењето на Договорот, со исклучок кога се работи за:
- МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси имаат право на т.н. иновативен ваучер и субвенција од максимум 90.000,00 денари.
- Потенцијални претприемачи (невработени лица и/или веќе вработени лица кои имаат аспирација да се самовработат): субвенција до 100 % од вредноста на советувањето, но најмногу до 31.500,00 денари без ДДВ, под услов, потенцијалниот претприемач да се самовработи најдоцна во рок од 6 месеци.
4. Начин на вклучување
Корисниците на услугите може да се вклучат во програмата кај следните овластени изведувачи на програмата, кои претставуваат точка каде што потенцијалните корисници на услугите се среќаваат со советниците:
Регионален Центар Скопје 1*
Фондација за развој на
мали и средни претприемништва
Бул. Партизански одреди бр.17, влез 3 (мезанин),1000 Скопје
Директор: Светлана Киревска
Советник организатор:Благојче Трифуновски
Тел/факс: (02) 3239 053 и 3298 065
Мобилен: 070 720 580, 078 228 529
E-mail: recs@recs.org.mk
|
Регионален Центар Скопје 2*
Фондација за развој на
образование и култура „АЛБИЗ“, 1000 Скопје
Ул. 20 бр. 97, Сарај
Директор: Бесир Дерњани
Советник организатор: Бесир Дерњани
Тел/факс: (02) 2057 632
Мобилен: 071 329 468
E-mail: info@albiz.org.mk
|
Регионален Центар Битола*
Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка
Бул. 1 Мај бб
7000 Битола
Директор: Гоце Петровски
Советник-организатор: Гоце Петровски
Тел/факс (047) 202 420
Мобилен: 075 677 304; 070 269 219
E-mail: rcbt@t.mk
|
|
|
|
Регионален Центар Струмица*
Фондација за развој на
мали и средни претпријатија
ул. 11 Октомври бб
2400 Струмица
Директор: Марија Ташева
Советник-организатор: Марија Ташева
Тел/факс: (034) 349 320
Мобилен: 071 201 068
E-mail: rcsr@t.mk
|
Регионален Центар Куманово*
Фондација за развој на
мали и средни претпријатија
ул. Илинденска бб
1300 Куманово
Директор: Димитар Ташевски
Советник-организатор: Димитар Ташевски
Мобилен: 078 300 605
E-mail: razvojku@t.mk
|
ЕСА Охрид*
Фондација за поддршка на претпријатија
Булевар Туристичка бб (п.фах 129)
6000 Охрид
Застапник: Мимоза Поповска
Советник-организатор: Елизабета Петанова
Мобилен: 070 391 664, 070 261 012
E-mail: fpp-oh@t.mk
|
|
|
|
Регионален Центар Велес*
Фондација за развој на
мали и средни претпријатија
ул. Димитар Влахов бр. 27
1400 Велес
Директор: Анита Самарџиева
Советник-организатор: Анита Самарџиева
Мобилен: 075 326 667
E-mail: rcve@t.mk
|
|
ЕСА Тетово*
Фондација за поддршка на претпријатија
Илинденска бб (Блок 87)
1220 Тетово
Директор: Неби Јусуфи
Советник-организатор:Јакуп Абдии
Тел/факс: (044) 350 960
Мобилен: 070 224 005; 070 329 256
E-mail: esate@t.mk
|
Повеќе за начинот на вклучување во Програмата, советодавните услуги, издавање на фактури, барања за исплата на субвенцијата и друго може да добиете од наведените фондации или од WEB страната на АППРСМ, односно: http://apprm.gov.mk/Voucher
Јавниот повик е отворен од 17.02.2021 – 30.10.2021 година, односно се до искористување на финансиските средства.