ЈАВЕН ПОВИК за пријавување и избор ​ на советници за претприемништво во програмата на Ваучерскиот систем на советување

Објавено на - февруари 03 , 2020

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување и избор ​ на советници за претприемништво во програмата на Ваучерскиот систем на советување

 

АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (Сл. весник на РМ, бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18), Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2020 (Сл.весник 18/2020) и Прирачникот на процедури за спроведување на програмата за ваучерско советување на малото стопанство во Република Северна Македонија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, објавува:

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување и избор

 

на советници за претприемништво

во програмата на Ваучерскиот систем на советување

 

 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

1.1      Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија со седиште на кеј Димитар Влахов број 4 Скопје (во понатамошниот текст Агенција) го спроведува предметот на овој јавен повик дефиниран во точката 1.2.

 

1.2      Предмет на јавниот повик е пријавување и избор на советници за претприемништво во програмата за Ваучерско советување, и тоа:

 

1.2.1      Советници за претприемништво – генералисти, и

1.2.2      Советници за претприемништво – специјалисти.

 

НАПОМЕНА: Ваучерскиот систем на советување претставува интегрален дел од Програмата за самовработување 2020, која е составен дел од Оперативниот план на Министерството за труд и социјална политика за реализација на активните програми и мерки за вработување. Во таа смисла, заради целосно покривање на територијата на РСМ со советници за претприемништво, особено е потребно доставување на апликации за советници за изработка на деловен (бизнис) план,

 

1.3      Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во документацијата кон јавниот повик која, со придружните формулари за аплицирање, (посебно за советници – генералисти, посебно за советници специјалисти) може да ја превземете од web страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk   

 

1.4      Секој еден подносител на пријава аплицира посебно за советник -  генералист и/или за советник – специјалист.

 

2.      СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА

 

Подносителот на пријавата на јавниот повик се обврзува да ги пополни и достави следните обрасци:

А. ПРИЈАВА

А1. БИОГРАФИЈА

А2. РЕФЕРЕНТНИ СОВЕТОДАВНИ ПРОЕКТИ

А3. УСОВРШУВАЊА И ОСПОСОБУВАЊА ОД ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

А4. РЕФЕРЕНТНИ РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

А5. РЕФЕРЕНТНИ ИСТРАЖУВАЧКИ И АВТОРСКИ ПРОЕКТИ

Б. ОБРАЗЕЦ – Податоци за организацијата (правното лице) преку која советникот  ќе го врши советувањето

В. ОБРАЗЕЦ -  Податоци за советникот

Г. ОБРАЗЕЦ – Точно назначени подрачја за советување (пет подрачја за генералисти и две подрачја со вкупно пет подподрачја за специјалисти)

Д. ОБРАЗЕЦ – Дополнителни референци

Ѓ. ОБРАЗЕЦ -  Изјава за прифаќење на условите на јавниот повик

ОБРАЗЕЦ – Изјава за учество во проект

Напомена: Наведените обрасци се различни за советникот-генералист и советникот-специјалист.  

 

3. РОКОВИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Јавниот повик е отворен од 03.02.2020 година до 17.11.2020 година. Во тој период Агенцијата ќе врши прием на поднесените пријави, а отварањето ќе биде секој последен вторник од месецот, започнувајќи од месец февруари заклучно со месец ноември 2020 година.

Пријавите треба да пристигнат до 15:00 часот еден ден пред отварањето. Пријавите кои ќе пристигнат по утврдениот рок ќе се земат предвид во следното отварање.

 

Агенцијата на поднесувачите на пријавите ќе одговори најдоцна 15 дена од денот на отворањето на пријавите дали ги исполнуваат условите на јавниот повик и дали ќе бидат вклучени во каталогот на советници – генералисти, односно специјалисти.

 

Пријавите, пополнети на компјутер, се доставуваат на следната адреса:

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија

Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје

 

На ковертот треба да биде назначено:

a)      »ПРИЈАВА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СОВЕТНИЦИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ГЕНЕРАЛИСТИ – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на советникот и организацијата (правното лице) на подносителот,  и/или

b)      »ПРИЈАВА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СОВЕТНИЦИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО СПЕЦИЈАЛИСТИ – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на советникот и организацијата (правното лице) на подносителот.

 

Пријавата се смета дека е уредна кога е составена согласно бараните обрасци (А, Б, В, Г, Д, Ѓ), кога се приложени сите барани документи и кога е уредно насловена и означена. Комисијата нема да ги разгледува непотполните и погрешно назначени пријави.

 

Дополнителни информации на тел.: 02/3120-132

 

 

 

Јавен повик Специјалисти ......(.doc).

 

 

Јавен повик Генералисти ........(.doc).

 

 

 

 

 

 КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР