Секторот на мали и средни претпријатија опфаќа над 98% од вкупниот број на активни стопнаски субјекти и со тоа игра улогa на движечка сила на вкупната стопанска активност на земјата. Од аспект на својата големина и фелксибилност малите и средни претпријатија го претставуваат најдинамичниот, но во исто време и најчувствителниот сегмент во структурата на стопанството чии што перформанси директо и објективно ги рефлектираат општите состојби во економијата на земјата. Од таму креаторите и носителите на политиките и развојните стратегии за МСП им е непоходен механизам за систематско следење и оценка на состојбите во секторот кој понатаму ќе им помогне во донесувањето на соодветни решенија и мерки во корист на развојот на МСП. За таа цел, во 2004 година во рамките на проектот “Поддршка на политиките на Министерството за економија“, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција , беше воспоставена Опсерваторијата за МСП во Македонија, која денес работи во состав на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Опсерваторијата ја има целосната поддршка на Министерството за економија на Република Македонија, а особено на Секторот за поттикнување на претприемништвото, со што поддршката на малото стопанство согласно четиригодишната програма на Владата и Повелбата на Европската Унија за развој на МСП добива соодветно место во вкупните заложби на земјата за постигнувањето на општа економска стабилност и развој. Со ова Република Македонија е единствената земја во регионот, со исклучок на Словенија, која во својата институционална инфраструктура за поддршка за малото стопанство има Опсерваторија за МСП и ќе изготвува комплексни периодични и годишни извештаи. Со тоа Владата на Република Македонија ќе располага со релевантни и компаративни показатели и анализи за состојбата на секторот.
МСП Опсерваторија Извештај 2022.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2021.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2020.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2017.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2016.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2015.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2014.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2013.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2009.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2008.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2007.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2005.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2004.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2003.pdf
МСП Опсерваторија Извештај 2002.pdf