Јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги

ПОЧЕТНА Јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги

 

 

                                                                                                                                      

ЈАВЕН ПОВИК

до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата за добивање на бесплатна деловна подддршка - Стандардизирани менторски услуги

Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија - АППРСМ, наменети за мали и средни претпријатија во 2020 година. Истата се спроведува преку овластени ментори, кои работно се ангажирани во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП, а се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и МСП.

Стандардизираните менторски услуги наменети за горе наведените претпријатија, имаат за цел  поддршка и несметан развој на истите, како и намалување на бројот на неуспешните деловни субјекти, преку обезбедување на сеопфатна и навремена деловна поддршка.

Процесот на менторирање се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и јапонскиот модел на менторство. Методологијата одредува чекори во процесот на менторирање кои стручно лице – Овластен ментор ги спроведува преку одреден број на часови (50 по корисник), и тоа во директна соработка со сопственикот и/или правниот застапник/менаџментот на субјектот. Менторот и менторираниот деловен субјект заеднички го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните проблеми или пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и врз основа на идентификуваната состојба го подготвуваат планот за развој, односно Акцискиот план.

Методологијата на стандардизирани менторски услуги јасно ги дефинира сите чекори и активности во спроведувањето на истите (управување, теренска работа, бројот на посети, активности во контекст на секоја посета, часовите распределени за подготовка на планови и известување) преку прирачници: Прирачник за општо разбирање на менторството, Прирачник за менторство на зрели претпријатија, Прирачник за менторство на ново-основани претпријатија.

СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

• Дијагностицирање, со цел да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа деловниот субјект

• Помош при подготовка на развојни активности / планови / проекти со цел да се постигнат целите на деловниот субјект;

• Консултации и координација за пристап до финансиски средства, нови технологии, консултантски услуги и сл., со цел да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето;

• Помош за подготовка на кредитни апликации кај банките и програми за поддршка за МСП;

• Помош при изнаоѓање деловни партнери;

• Помош при добивањето на потребните информации;

• Обуки

• Упатување кај соодветни специјализирани консултанти.

Услугата се однесува на бесплатно менторирање на мали и средни претпријатија, кои биле деловно активни во последните три години или се наѓаат во клучен момент за нивниот натамошен развој или опстанок на пазарот.

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријави во две категории:

ново-основани претпријатија - не постари од 3 години од денот на објавувањето на Јавниот повик;

постојни (зрели) деловни претпријатија - регистрирани пред февруари 2017 година;

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик за обезбедување менторски услуги имаат:

1.    Мали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:

• регистрирани се на територијата на Северна Република Македонија со доминантно домашен капитал;

• ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси)

• не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа / лотарија.

  се охрабруваат производствените претпријатија и претпријатија во сопственост/управувани од жени претприемачи да земат учество на јавниот повик

АППРСМ ќе ја отфрли секоја пријава доколку при оценувањето, изборот или склучувањето на Договорот утврди дека Подносителот:

        поднел некомплетна пријава

        не ги содржи бараните документи, кои се предуслов за учество на Јавниот повик

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат од 1 јули  2020 до 30 ноември 2020 година.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

1. За ново-основаните претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавувањето на јавниот повик, како и за постојните (зрели) претпријатија, кои се регистрирани пред фебруари 2017:

·        Пополнета пријава – Образец 1;

·        Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)

·        Биланс на состојба и Биланс на успех за 2019 година (копија)

АППРСМ го задржува правото да побара, доколку е потребно, од Подносителот и  дополнителна документација, но ислкучиво врзано за целите на  поднесување на Пријавата.

 НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично или препорачано  до Регионалните Центри наведени подоле, со забелешка: Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2020 година.

Регионален Центар Скопје

Фондација за развој на мали и средни претприемништва

ул. Мирче Ацев бр.4. (Работнички универзитет – канцеларија 48), 1000 Скопје

 

Лицa за контакт:

Благојче Трифуновски - 078 228 529

Тел/факс: (02) 3239 053

E-mail: recs@recs.org.mk  

Регионален Центар Велес

Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија

ул. Димитар Влахов бр. 27, 1400 Велес

 

Лицa за контакт:

Анита Самарџиева - 075 326 667

Александар Самарџиев – 076 220 889

E-mail: rcve@t.mk 

 

 

Регионален Центар Битола

Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка

Бул. 1 Мај бб, 7000 Битола

Лицa за контакт:

 

Никола Димковски – 070 997 084

Тел/факс (047) 202 420

E-mail: rcbt@t.mk

Регионален Центар Струмица

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. 11 Октомври бб (блок 87), 2400 Струмица

 

Лицa за контакт:

Марија Ташева - 071 201 068

Васка Ташева – 078 806 150

Тел/факс: (034) 349 320

E-mail: rcsr@t.mk

 

 

Регионален Центар Куманово

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. Илинденска бб, 1300 Куманово

 

Лицa за контакт:

Игор Георгиев - 075 651 790

Сашо Велковски  - 071 208 977

Тел/факс: (031) 416 102

E-mail: razvojku@t.mk

ЕСА Тетово

Фондација за поддршка на претпријатија

Илинденска бб (Блок 87), 1220 Тетово

 

Лицa за контакт:

Неби Јусуфи - 070 329 256

Салајдин Идризи  - 070 224 005

Тел/факс:    (044) 350 960

E-mail: esate@t.mk 

 

 

ЕСА Охрид

Фондација за поддршка на претпријатија

Булевар Туристичка бб  (п.фах 129), 6000 Охрид

 

Лицa за контакт:

Мимоза Поповска - 070 391 664

Елизабета Петанова – 070 261 012

E-mail: esaoh@t.mk   

 


Образецот 1 – Пријава можете да превземете на следниот линк
   

Упатството за спроведување на стандардизирани менторски услуги можете да го превземете на следниот линк:   

Јавниот повик е отворен до 19 јуни 2020 година

Подетални информации можете да добиете во горе наведените Регионални Центри или во АППРСМ на електронска адреса: mentoring@apprm.gov.mk како и на интернет страната на АППРСМ: www.apprm.gov.mk     www.konkurentnost.mk

или

На телефонските броеви: 075 444 092 - Маја Тасева; 075 204 371 - Елеонора Божиновска