ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица - здружување на корисници во ДОО

Објавено на - јуни 09 , 2025

 Ако сте човек со визија за свој бизнис, мотив за „сам свој газда“, енергија да се борите со предизвиците, тогаш овој Оглас е токму за вас.

Прочитајте и дознајте повеќе за можноста да добиете неповратна финансиска помош до 1.230.000,00 денари  од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и да основате свој бизнис.

За сите дополнителни прашања Ве очекуваме да дојдете во Центарот за вработување и да видите за што станува збор!

           Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025   година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата 1(A) Поддршка за самовработување (претприемништво)- здружување на корисници во ДОО, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  на ден 09.06.2025 година се објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до

невработените лица 

Се охрабруваат невработени лица со минимум основно образование, со  претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1(A) Поддршка за самовработување (претприемништво)- здружување на корисници во ДОО                                                                             

Се повикуваат:

  • Невработени млади лица до 29 години
  • Невработени лица – мажи до  60 години и жени до 58 години
  • Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
  • Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до  60 години и жени до 58 години
  • Невработени лица Роми-мажи до  60 години и жени до 58 години

кои  своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво) -здружување на корисници во ДОО да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата

  • Програмата 1(A) Поддршка за самовработување (претприемништво) - здружување на корисници во ДОО, обезбедува :
  • oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини;
  • ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на
  • бизнисите ;
  • неповратни средства (грант) во износ до 1.230.000,00 денари, во зависност од целните групи,   за правен субјект од два содружника како ДОО - Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото;
  • грантот ќе се добие  на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства)  со приложување на профактури  за набавка на опрема и/или материјали и /или готови производи за понатамошна продажба согласно спецификацијата на бизнис планот
  • Менторска поддршка во времетраење од 6 месеци од основање на бизнисот ќе се обезбеди на следниве целни групи:
    • млади лица до 29 години;
    • припадници на ромската заедница
    • жени од рурални средини кои што ќе отворат бизнис од земјоделска дејност
    • жени од ранливи категории (приматели на парични права по основ на социјална заштита, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).

НАПОМЕНА: Доколку едно од лицата кои аплицираат за ДОО се откаже од учество во мерката, во било која фаза од реализација на мерката,  истовремено се откажува  и правото на  учеството на другото лице. 

Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 20.06.2025 година

Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите  години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

Лицата кои имале статус на основач и управител 12 месеци пред аплицирање за оваа програма немаат право на учество за истата дејност.

Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

  • Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;
  • Бизниси во дејност од класа 49.32  - Такси служба;
  • Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;
  • Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.
  • Приватни агенции за вработување
  • Приватни здравствени установи

По исклучок од Точка 1, невработените жени од рурални средини ќе имаат можност да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:

  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани,во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот ;
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот

Правата и обврските помеѓу АВРСМ  и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk