Почитувани советници,
Програмата за самовработување како дел од оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година на Владата на Република Северна Македонија, се реализира од страна на Министерството за економија и труд, Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), како и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво на Република Северна Македонија – ИНОВА.
Улогата на ИНОВА, во реализација на мерката самовработување, е во делот на изработка на бизнис планови како и поддршка преку обуки, совети и други информации во текот на првата година од работењето на новоформираните претпријатија, што се реализира преку Фондациите за поддршка на претпријатијата, односно регионалните центри (РЦ) и овластените советници во Програмата на ваучерското советување.
Советниците кои се овластени за изработка на бизнис план и кои се регистрирани во ваучерскиот систем на советување, имаат можност да бидат вклучени во Програмата за самовработување 2025 при што треба да изработат бизнис план за селектираните невработени лица кои се дел од оваа програма.
Во овој ВТОР циклус, средбите на советниците со селектираните невработени лица за кои треба да се изработат бизнис планови се планира ФОРМАЛНО да бидат реализирани согласно следниот распоред:
Р.б.
|
Центар ИНОВА
|
Центар за вработување
|
Датум на виртуелен мечинг
|
Рок за контaктирање
|
Фаза
|
1
|
ВЕЛЕС
|
Кавадарци
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
2
|
ВЕЛЕС
|
Неготино
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
3
|
СТРУМИЦА
|
Берово
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
4
|
СТРУМИЦА
|
Делчево
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
5
|
СТРУМИЦА
|
Штип
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
6
|
СТРУМИЦА
|
Струмица
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
7
|
СКОПЈЕ1
|
Скопје1
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
8
|
КУМАНОВО
|
Свeти Николе
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
9
|
КУМАНОВО
|
Пробиштип
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
10
|
КУМАНОВО
|
Кратово
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
11
|
КУМАНОВО
|
Куманово
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
12
|
ОХРИД
|
Дебар
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
13
|
ОХРИД
|
Мак. Брод
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
14
|
ОХРИД
|
Кичево
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
15
|
ОХРИД
|
Струга
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
16
|
БИТОЛА
|
Демир Хисар
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
17
|
БИТОЛА
|
Ресен
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
18
|
БИТОЛА
|
Прилеп
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
19
|
ТЕТОВО
|
Тетово
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
20
|
ТЕТОВО
|
Гостивар
|
19.09.2025 10:00
|
22.09.2025
|
5
|
21
|
ВЕЛЕС
|
Велес
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
22
|
СТРУМИЦА
|
Кочани
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
23
|
СТРУМИЦА
|
Виница
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
24
|
СТРУМИЦА
|
Гевгелија
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
25
|
СТРУМИЦА
|
Валандово
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
26
|
СТРУМИЦА
|
Радовиш
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
27
|
СКОПЈЕ1
|
Скопје1
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
28
|
КУМАНОВО
|
Куманово
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
29
|
КУМАНОВО
|
Крива Паланка
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
30
|
ОХРИД
|
Охрид
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
31
|
ОХРИД
|
Струга
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
32
|
БИТОЛА
|
Битола
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
33
|
БИТОЛА
|
Прилеп
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
34
|
БИТОЛА
|
Крушево
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
35
|
ТЕТОВО
|
Тетово
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
36
|
ТЕТОВО
|
Гостивар
|
03.10.2025 00:00
|
06.10.2025
|
6
|
Во врска со реализација на програмата Самовработување 2025 ве известуваме за следното:
- Пријавувањето за овој циклус е најдоцна до 15.09.2025 година до 23:59 часот потребно е преку соодветната апликација да се пријавите за ваше можно ангажирање на наведените локации и термини за ДВЕТЕ ФАЗИ.
- После Вашето пријавување на наведените локации и термини, невработените лица, исто така преку апликацијата, имаат можност да одберат соодветен советник.
- Листата на апликанти кои Ве одбрале не е конечна и може да претрпи измени од страна на ИНОВА доколку за тоа има потреба.
- По добивањето на информациите од претходните точки, ИНОВА, преку e-mail ќе Ве информира за кои клиенти ќе треба да изготвите бизнис план.
ВАЖНО !
Ве информираме дека предвидените настани по центри, СЕ ВИРТУЕЛНИ настани и служат како насока за тоа кога треба да се започне со изработката на бизнис плановите по фази. Ова значи дека формални средби помеѓу советниците и клиентите НЕМА да се организираат во просториите на Центрите за вработување.
Советниците, со оние клиенти кои ги избрале или им се доделени од страна на ИНОВА, самостојно ќе стапат во контакт со клиентот (пред се во времето кога е предвиден настанот) преку телефон, e-mail и сл. и непосредно со клиентот ќе се договорат за отпочнување со процесот на советување и изработката на бизнис планот, како и за меѓусебни средби за време на изработката на бизнис планот, доколку има потреба за тоа.
По започнување на изработката на бизнис планот за клиентот, советникот има обврска да го подигне Ваучерот од соодветниот Регионален центар на ИНОВА кој го издал ваучерот, а при предавањето на готовиот бизнис план на клиентот, да бара од клиентот да го потпише ваучерот.
По завршување на бизнис планот, советникот има обврска готовите планови да ги достави на:
- Клиентот (во печатена форма и/или електронска) и
- Регионалниот центар надлежен за тој регион (во печатена и електронска форма)
Ваучерот потпишан од сите три страни, заедно со бизнис планот, мислење за деловниот план (Прилог бр. 5) и свој извештај (Прилог бр. 2) советникот ги доставува во Регионалнит центар кој го издал ваучерот. Оценките од извештај (Прилог 2) опфатени во точка 7, треба да бидат внесени во даденото софтверско решение.
Регионалните центри, кои ги издале ваучерите во нивниот регион, ќе помогнат околу остварување на контактот помеѓу советникот и клиентот доколку тие, од некои причини, не може да остварат контакт.
Рок на завршување на бизнис плановите е:
- 02 ОКТОМВРИ во прва фаза до 12 часот
- 16 ОКТОМВРИ во втора фаза до 12 часот
НАПОМЕНА:
- За овој дел од Програмата за самовработувањето каде ИНОВА се вклучува со Ваучерскиот систем за советување, преку изработка на бизнис планови, важи Прирачникот на процедури за спроведување на програмата за ваучерско советување со кои се имате согласено.
- Доколку, како овластен советник за изработка на бизнис планови во Каталогот на советници на ИНОВА, не сте добиле електронска пошта со Ваше корисничко име и лозинка може да се обратите до ИНОВА, односно до:
- Никола Таневски 3 120 132 лок 103 (nikola@apprm.gov.mk)
Кон апликација за Самовработување 2025
Потребни документи за Самовработување 2025 (.zip)