САМОВРАБОТУВАЊЕ 2021

Објавено на - ноември 23 , 2021

Почитувани советници,

 

 

Програмата за самовработување како дел од оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година на Владата на Република Северна Македонија, се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика, УНДП, Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), како и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ).

Улогата на АППРСМ, во реализација на мерката самовработување, е во делот на изработка на бизнис планови како и поддршка преку обуки, совети и други информации во текот на првата година од работењето на новоформираните претпријатија, што се реализира преку Фондациите за поддршка на претпријатијата, односно регионалните центри (РЦ) и овластените советници во Програмата на ваучерското советување.

Советниците кои се овластени за изработка на бизнис план и кои се регистрирани во ваучерскиот систем на советување, имаат можност да бидат вклучени во Програмата за самовработување 2021 при што треба да изработат бизнис план за селектираните невработени лица кои се дел од оваа програма.  

Во оваа ДОПОЛНИТЕЛНА фаза, средбите на советниците со селектираните невработени лица за кои треба да се изработат бизнис планови се планира ФОРМАЛНО да бидат реализирани согласно следниот распоред:

 

Р.б.

Центар АППРМ

Центар за вработување

Датум на виртуелен мечинг

Рок за контaктирање

Фаза

1

БИТОЛА

Битола

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

2

БИТОЛА

Крушево

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

3

БИТОЛА

Прилеп

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

4

БИТОЛА

Ресен

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

5

КУМАНОВО

Кратово

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

6

КУМАНОВО

Крива Паланка

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

7

КУМАНОВО

Куманово

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

8

КУМАНОВО

Пробиштип

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

9

ОХРИД

Дебар

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

10

ОХРИД

Кичево

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

11

ОХРИД

Македонски Брод

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

12

ОХРИД

Охрид

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

13

ОХРИД

Струга

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

14

СКОПЈЕ1

Скопје1

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

15

СТРУМИЦА

Берово

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

16

СТРУМИЦА

Виница

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

17

СТРУМИЦА

Делчево

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

18

СТРУМИЦА

Кочани

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

19

СТРУМИЦА

Струмица

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

20

СТРУМИЦА

Штип

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

21

ТЕТОВО

Гостивар

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

22

ТЕТОВО

Тетово

25.11.2021 10:00

26.11.2021

8

 

Во врска со реализација на дополнителните клиенти оф програмата Самовработување 2021 ве известуваме за следното:

  1. Пријавувањето за оваа дополнителна фаза е најдоцна до 23.11.2021 година до 23:59 часот потребно е преку соодветната апликација да се пријавите за ваше можно ангажирање на наведените локации и термини за оваа ФАЗА.
  2. После Вашето пријавување на наведените локации и термини, невработените лица, исто така преку апликацијата, имаат можност да одберат соодветен советник.
  3. Листата на апликанти кои Ве одбрале не е конечна и може да претрпи измени од страна на АППРСМ доколку за тоа има потреба.
  • По добивањето на информациите од претходните точки, АППРСМ, преку e-mail ќе Ве информира за кои клиенти ќе треба да изготвите бизнис план.

 

ВАЖНО !

 

Поради настанатата состојба со Корона вирусот, Ве информираме дека предвидените настани по центри, се додека не се подобри состојбата со Корона вирусот, СЕ ВИРТУЕЛНИ настани и служат како насока за тоа кога треба да се започне со изработката на бизнис плановите по фази. Ова значи дека формални средби помеѓу советниците и клиентите НЕМА да се организираат во просториите на Центрите за вработување.

Советниците, со оние клиенти кои ги избрале или им се доделени од страна на АППРСМ, самостојно ќе стапат во контакт со клиентот (пред се во времето кога е предвиден настанот) преку телефон, e-mail и сл. и непосредно со клиентот ќе се договорат за отпочнување со процесот на советување и изработката на бизнис планот, како и за меѓусебни средби за време на изработката на бизнис планот, доколку има потреба за тоа.

По започнување на изработката на бизнис планот за клиентот, советникот има обврска да го подигне Ваучерот од соодветниот Регионален центар на АППРСМ кој го издал ваучерот, а при предавањето на готовиот бизнис план на клиентот, да бара од клиентот да го потпише ваучерот.

По завршување на бизнис планот, советникот има обврска готовите планови да ги достави на:

  • Клиентот (во печатена форма и/или електронска) и
  • Регионалниот центар надлежен за тој регион (во печатена и електронска форма)

Ваучерот потпишан од сите три страни, заедно со бизнис планот, мислење за деловниот план (Прилог бр. 5) и свој извештај (Прилог бр. 2) советникот ги доставува во Регионалнит центар кој го издал ваучерот. Оценките од извештај (Прилог 2) опфатени во точка 7, треба да бидат внесени во даденото софтверско решение.

Регионалните центри, кои ги издале ваучерите во нивниот регион, ќе помогнат околу остварување на контактот помеѓу советникот и клиентот доколку тие, од некои причини, не може да остварат контакт.

 

Рок на завршување на бизнис плановите е:

 

  • 06 ДЕКЕМВРИ до 12 часот

 

НАПОМЕНА:

  1. За овој дел од Програмата за самовработувањето каде АППРСМ се вклучува со Ваучерскиот систем за советување, преку изработка на бизнис планови, важи Прирачникот на процедури за спроведување на програмата за ваучерско советување со кои се имате согласено.

 

    2. Доколку, како овластен советник за изработка на бизнис планови во Каталогот на советници на АППРСМ, не сте добиле електронска пошта со Ваше корисничко име и лозинка може да се              обратите до АППРСМ, односно до:

 

Кон апликација за  Самовработување 2021