Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Вести
 

ВАУЧЕР - Јавен повик за пријавување на ОДП за реализација на програмската активност

  АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 


 

Врз основа на Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14); Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2018 година (Сл. Весник 21/2018), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија, објавува:

 

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2018

за пријавување и избор

 

на организации за деловна поддршка на претприемништвото

за реализација на програмската активност

ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НА СОВЕТУВАЊЕ

 

 

1. ИМЕ, ОДНОСНО НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГИ ДОДЕЛУВА СРЕДСТВАТА

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република  Македонија со седиште на Кеј Димитар Влахов број 4, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Агенција).

 

2. НАМЕНА, ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1 Намена и цел на јавниот повик - Намена на јавниот повик е поддршка на потенцијалните претприемачи и микро, мали и средни претпријатија (во понатамошниот текст МСП) во согласност со Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2018 година, односно имплементација на Ваучерски систем за советување со цел давање поддршка на зајакнувањето на конкурентноста на постоечките мали и средни претпријатија и поддршка на самовработувањето, ширење на ваучерскиот систем за советување како инструмент за подобрување на работењето на секторот на МСП.

Целите на јавниот повик, односно на Програмата за ваучерско (субвенционирано) советување се:

-          се поголем број на нови фирми да бидат во состојба да преживеат во тек на критичните први години на постоење,

-          се поголем број на фирми да бидат во состојба да остварат повисоки стапки на развој,

-          се поголем број на потенцијални претприемачи да започнат со имплементација на нивниот бизнис (изготвување на бизнис план, регистрација на фирма),

-          формирање на нови работни места и

-          поттикнување на локалниот пазар на советување (консултантство).

2.2. Предмет на јавниот повик. Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото кои ќе бидат ангажирани за реализација на Ваучерскиот систем на советување кој се применува во точка 1 од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2018 година, како и во мерката Поддршка за самовработување како точка од Оперативниот план на Владата за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, при што Ваучерскиот систем на советување претставува интегрален дел од оваа програма. Задачите и активностите се дадени во придружната документација.

2.3 Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во придружната  документација кон јавниот повик и истата заинтересираните подносители на пријава, може да ја подигнат во просториите на Агенцијата, канцеларија бр. 10, секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот или на WEB страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk

 

 

3. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА

Пријавата треба да содржи:

3.1. Општи услови (документи):

-          Име, адреса и седиште на понудувачот,

-          Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар,

-          Копија од последна завршна сметка предадена во Централен регистар,

-          Уверение за платени даноци издадено од даночните органи,

-          Изјава на понудувачот со која се прифаќаат условите од јавниот повик.

Бараните документи треба да не се постари од 6 месеци од денот на издавањето и да бидат доставени во оригинален примерок или копија заверена од понудувачот.

 

3.2 Посебни услови (со кои понудувачот  ја докажува техничката способност):

3.2.1. Техничка и просторна оспособеност на седиштето на апликантот каде ќе се реализира активноста “Ваучерски систем на советување“ (апликантот треба да ги исполнува следните услови):

3.2.1.1.Поседување на соодветен простор за изведување на активностите.

3.2.2.2.Поседување на соодветна информатичка опрема и интернет врска за изведување на предметот на јавниот повик вклучувајќи опрема за презентација.

3.2.2.Обучен кадар со работни биографии и изјави од персоналот кои работат на реализација на предметот на јавниот повик,

3.2.3. Список на реализирани проекти  (обуки, семинари, работилници и други услуги од областа на малото стопанство), кои се во непосредна врска со предметот на јавниот повик,

3.2.4. Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство,

3.2.5.Услужени клиенти/издадени ваучери и/или дадени совети од областа на претприемништвото во изминатите пет години.

3.3 Право да поднесуваат понуди имаат институции чиј предмет на работа е поддршка на претприемништвото и малото стопанство, наведени во член 20 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 41/14).

 

 4. ЦЕЛНИ ГРУПИ/КОРИСНИЦИ

Како целни групи кои се корисници на ваучерскиот систем на субценционирано советување се сметаат потенцијалните претприемачи и МСП.

 

 

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Основни критериуми врз основа на кои Агенцијата ќе ја оценува способноста на организациите за деловна поддршка за извршување на предметот на јавниот повик:

Бр.

Опис

Поени

а)

Обучен кадар

40

б)

Реализирани проекти од областа на претприемништвото

30

в)

Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство

10

г)

Услужени клиенти/издадени ваучери и/или дадени совети од областа на претприемништвото просечно на годишно ниво во изминатите пет години

20

 

 

6. ДИНАМИКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:

МАРТ - ДЕКЕМВРИ 2018 година.

 

 

7. ВКУПНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ПРОГРАМСКА АКТИВНОСТ “ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НА СОВЕТУВАЊЕ“- 900.000,00 МКД

 

 

8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

 

Пријавите треба да се достават во архивата на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 12.03.2018 година.

 

Пријавата со бараните документи се доставува на следната адреса:

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје.

 

На ковертот треба да биде назначено:

»ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР.1 ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДЕЛОВНА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот.

 

Нецелосните пријави, како и пријавите што ќе се достават или пристигнат по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 

 

придружната документација за јавниот повик можете да ја најдете овде...  

 

 

Дополнителни информации на тел. 02/3120-132

 

                                                                                                КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР

 

назад    врв на страната

© AППРМ, 2005