Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Вести
 

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на советодавни услуги - “Ваучерски систем на советување“

АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2017 година (Службен весник бр. 192/2016), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија, објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање на советодавни услуги во рамки на програмската активност “Ваучерски систем на советување“

 

 

1. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија и потенцијалните претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРМ.

Согласно точка 1 – Ваучерски систем на советување (ВСС) од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2017 година (Службен весник бр.192/2016) за оваа намена, вклучително и административната надокнада за Фондациите за поддршка на претпримеништвото, односно Организациите за деловна поддршка преку кои на регионално ниво се реализира оваа програмска активност, предвидени се 900.000,00 денари.

 

2. Право на учество на јавниот повик имаат следните целни групи:

A) Активни мали и средни претпријатија. Главни услови за вклучување во програмата се:

-          Активното претпријатие да има потреба од советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти,

-          Активното претпријатие да не е во стечајна постапка, постапка на присилно поравнување или ликвидација.

-          Претпријатијата од областа на земјоделието, шумарството, ловот и риболовот се исклучени од програмата на ваучерско советување.

Документи кои теба да се приложат: (1) Регистрација на претпријатието, (2) Финансиски извештаи за последната година (биланс на успех и состојба), (3) Изјава од законски застапник (Прилог 9 од ВСС), во случај на прифаќање на пријавата.

 

Б) Потенцијални претприемачи / невработени лица (пријавени во Агенција за вработување на РМ, со намера за самовработување).

3. Износ на субвенција

  • Активни претпријатија: субвенција до 50 % од нето вредноста на советувањето, но најмногу до 45.000,00 денари за времетраењето на Договорот, со исклучок кога се работи за:

-          МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси имаат право на т.н. иновативен ваучер и субвенција од максимум 90.000,00 денари.

§         Потенцијални претприемачи (невработени лица и/или веќе вработени лица кои имаат аспирација да се самовработат): субвенција до 100 % од вредноста на советувањето, но најмногу до 31.500,00 денари без ДДВ, под услов, потенцијалниот претприемач да се самовработи најдоцна во рок од 6 месеци.

 

4. Начин на вклучување

Корисниците на услугите може да се вклучат во програмата кај следните овластени изведувачи на програмата, кои претставуваат точка каде што потенцијалните корисници на услугите се среќаваат со советниците:

Регионален Центар Скопје

Фондација за развој на мали и средни претприемништва

ул. Моша Пијаде бб, 1000 Скопје

Директор: Светлана Киревска

Тел/факс: (02) 3239 053 и 3298 065

E-mail: recs@recs.org.mk

Регионален Центар Велес

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. 11-ти Октомври бр. 8, 1400 Велес

Директор: Анита Самарџиева

Мобилен: 075 326 667

E-mail: rcve@t.mk

Регионален Центар Битола

Фондација за развој на претприемништво, регионална и меѓугранична соработка

Бул. 1 Мај бб, 7000 Битола

Директор: Драган Дамјановски

Тел/факс (047) 202 420

E-mail: rcbt@t.mk

 

 

 

Регионален Центар Струмица

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. 11 Октомври бб, 2400 Струмица

Директор: Марија Ташева

Тел/факс: (034) 349 320 ; Мобилен: 071 2016 068

E-mail: rcsr@t-home.mk

Регионален Центар Куманово

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. Илинденска бб, 1300 Куманово

Директор: Димитар Ташевски

Тел/факс: (031) 416 102 078 300 605

E-mail: razvojku@t.mk

ЕСА Охрид

Фондација за поддршка на претпријатија

Булевар Туристичка бб  (п.фах 129)

6000 Охрид

Лице за контакт: Елизабета Петанова

Мобилен: 070 261 012

E-mail: esaoh@t.mk

 

 

 

 

ЕСА Тетово

Фондација за поддршка на претпријатија

Илинденска бб (Блок 87), 1220 Тетово

Директор: Салајдин Идризи

Тел/факс: (044) 350 960

E-mail: esate@t.mk  

 

Повеќе за начинот на вклучување во Програмата, советодавните услуги, издавање на фактури, барања за исплата на субвенцијата и друго може да добиете од наведените фондации или од WEB страната на АППРМ, односно: http://www.apprm.gov.mk/VOUCHER.ASP 

Јавниот повик е отворен од 01.03.2017 – 30.10.2017 година.

назад    врв на страната

© AППРМ, 2005