Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Вести
 

САМОВРАБОТУВАЊЕ 2017 - ЦИКЛУС 1

Почитувани,

Рамката на политики за вработување на Република Македонија е дефинирана со Програмата на Владата на Република Македонија 2011-2015 година; Националната стратегија за вработување на Република Македонија за 2015 година; и Акцискиот план за вработување на млади до 2020 година и во согласност со обврските што произлегуваат од Глобалниот пакт за работни места на Меѓународната организација на трудот (MOT), Резолуцијата за Кризата со вработување на младите: повик за акција и Европската стратегија за паметен, одржлив и инклузивен раст - Европа 2020.

Со Оперативниот план за услугите на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2017 година, се утврдуваат услугите и програмите за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање на нови работни места и да се зголеми вработливоста на лицата.

      Улогата на АППРМ, во реализација на мерката самовработување е посебно изразена во делот на изработката на одржливи бизнис планови, што се реализираат преку овластени консултанти вклучени во Националниот Каталог на консултанти при програмата за Ваучерско советување. 

      Програмата за самовработување се реализира и со поддршка на Регионалните центри за претприемништво кој на регионално/локално ниво, по насоки и упатства дадени од АППРМ, го спроведуваат Оперативниот План. 

      Со цел поголема транспарентност и олеснување на спроведливоста на постапките во делот на одбирање на локации на настани и избор на советници од страна на невработените лица и оваа како и минатата година од страна на АППРМ и УНДП се употребува соодветното софтверско решение. 

     Самовработување 2017
 
            Проектен тим
____________________________________

 
Корисни линкови и документи потребни за реализација на програмата:
 
 
 

назад    врв на страната

© AППРМ, 2005