Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

Самовработување III

VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа

DOCSMES

ФИНО

new-MENTOR

EIICM

INTERVALUE

Градење на капацитетите ...

АППРМ - GTZ ПРОЕКТ за Техничка / експертска помош

24.02.2010 - 27.04.2012
INTERVALUE

Наслов на проектот:  INTERVALUE – Регионална соработка за валоризација на истражувачки резултати
ЕУ Програма:
 Транснационална Програма за Соработка на ЈИЕ
Период на имплементација: 24.02.2010 - 27.04.2012
Партнери: Универзитет Аристотел, URENIO (координатор)
 ЈИЕ Истражувачки Центар
 ARC Фонд  
 Технички Универзитет Софија
 Агенција за регионален развој во ЈЗ Романија
 Универзитет - Крајова
 AICCRE – Италија
 Универзитет - Удине
 COPE TERAMO - Терамо
 Универзитет за технологија и економија, Будимпешта
 Theodore Puskas Фондација
 Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ

 

Опис на проектот:
INTERVALUE беше проект во рамките на Програмата на ЈИЕ за Транснационална соработка. Проектот имаше за цел создавање на организациска рамка и методолошки алатки кои се однесуваат на валоризацијата на истражувањата направени на универзитетите во регионот и истражувачките центри, што претставува еден од основните предизвици на економскиот развој во ЈИЕ. INTERVALUE се базираше на фактот дека регионот на ЈИЕ заостанува во иноваторството, иако во овој процес се вклучени многу истражувачки центри и универзитетски лаборатории. Овие организации произведуваат истражувачки резултати кои неможат да го најдат својот пат кон пазарот или било каква примена.

INTERVALUE ја поддржуваше интеракцијата меѓу универзитетите и индустријата преку:
- Развој на И&Р база на податоци со научно истражувачки резултати од повеќе од 50 академски институции од 8 земји на ЈИЕ
- Развој на механизам за подготовка на планови кои се базираа на анализите на техничката физибилност, интелектуалната сопственост, пазарниот потенцијал и финансирањето на перспективните научно истражувачки резултати.
- Онлајн платформа за соработка, INTERVALUE платформа
- Веб место за учење во кое беа вклучени патоказите за онлајн учење во врска со менаџментот на интелектуалната сопственост на 7 јазици и фазите на развој на нов производ од генерирањето на идеи, оправданост на предложените проекти, комерцијализација и лансирање на производ
- Промоција на плановите на брокерски настани каде беа повикани да учествуваат инвеститори
- Поддршка во реализацијата на договори за избраните научно истражувачки резултати

врв на страната

 
 
© AППРМ, 2005