Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

Самовработување III

VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа

DOCSMES

ФИНО

new-MENTOR

EIICM

INTERVALUE

Градење на капацитетите ...

АППРМ - GTZ ПРОЕКТ за Техничка / експертска помош

01.01.2011 - 31.12.2012
EIICM

Наслов на проектот: EIICM – Eвропски Информативен и Иновативен Центар во Македонија
ЕУ Програма:
  ЦИП – Рамковна програма за конкурентност и Иновации
Период на имплемнтација:  01.012011 - 31.12.2012
Партнери:  Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (Координатор)
Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Скопје
Стопанска Комора на Македонија
Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Опис на проектот:
ЕИИЦМ е дел од Enterprise Europe Network од 2008 година, а АППРМ беше партнер во проектот во двата периоди 2008/10 и 2011/12. Основната идеја на ЕЕН мрежата е да го обединат потенцијалот на единствениот европски пазар, каде малите и средни претпријатија на многу поефикасен начин од порано ќе придонесат за поголем раст на целокупната економија, преку зајакнување на конкурентноста и иновативноста на регионите. Во таа смисла, речиси 600 организации за деловна поддршка (здруженија, агенции за иновации и за поддршка на претприемништвото, стопанските комори, универзитетите, ПТК итн) од повеќе од 50 земји секојдневно помагаат на малите и средни претпријатија да ги искористат некои од исклучителните можности за бизнис кои се достапни на единствениот ЕУ пазар. ЕИИЦМ, како дел на ЕЕН мрежата, поврзана е преку моќни бази на податоци за споделување на своето знаење и технологии, како и за комуникација со деловни партнери во сите земји на мрежата.
Општа цел на проектот беше преку мрежата за поддршка да се поттикне создавањето на нови производи, деловни услуги, и подобрени процеси од страна на нејзините клиенти преку:
- Информации во врска со ЕУ пазарите, стручни совети, деловна соработка и повратни информации од превземените активности
- Иновации, трансфер на технологија и знаење
- Услуги за охрабрување и поддршка на малите и средните претпријатија да земат учество во рамковна програма за истражување на ЕУ

Специфични  цели на проектот:
- Организација на локални и регионални настани наменети за промоција на ЕЕН Мрежата, свесноста за услугите кои таа ги обезбедува за клиентите, дисеминација на информации за релевантни теми од ЕУ, нејзините политики и програми, можности за финансирање наменети за подобрување на вештините и капацитетот за интернационализација и иновативност на МСП;
- Зголемување на свесноста кај македонските МСП за можностите кои ЕИИЦМ може да ги обезбеди, а се однесува на разрешување на проблемите со кои се соочуваат домашните МСП во нивните релации со компании од ЕУ – обезбедување на повратни информации од база на податоци за МСП;
- Користење на системот за комуникација на мрежата со цел постигнување на највисокото можно ниво на информираност кај компаниите за сите теми кои се однесуваат на ЕУ и соработката со компании од странство;
- Одржување на перманентен и непосреден контакт со компаниите со цел да се зголеми свесноста и обезбедување што  поголем број на корисници на мрежата;
- Специјализирани услуги и различни видови на индивидуална помош поврзани со иновативноста и интернационализацијата на МСП, заштита на интелектуалната сопственост,  пристап до изворите за финансирање како и програмите на ЕУсо акцент на финансирање на иновациите итн. со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на клиентите на Мрежата (МСП и давателите на деловни услуги за МСП);
- Придонес кон создавање на меѓународно конкурентни компании преку организирање на брокерски настани за МСП.

врв на страната

 
 
© AППРМ, 2005