Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

Самовработување III

VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа

DOCSMES

ФИНО

new-MENTOR

EIICM

INTERVALUE

Градење на капацитетите ...

АППРМ - GTZ ПРОЕКТ за Техничка / експертска помош

01.09.2011 - 31.08.2013
new-MENTOR

Наслов на проектот: new-MENTOR – Мрежа на жени претприемачи во Македонија
ЕУ Програма:        
   ЦИП – Рамковна програма за конкурентност и Иновации
Период на имплемнтација:  01.09.2011-31.08.2013
Партнери: Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Скопје (координатор)
 Фондација – Деловен Старт ап Центар, Битола
 Национален центар за развој на претприемништво, иновации и претприемништво, Скопје
 Фондација – Евро Центар, Св. Николе
          Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија

Опис на проектот:
Проектот мрежа на ментори за жени претприемачи - new-MENTOR поддржан од ЦИП програмата, беше дел од акциите кои произегоа од Извештајот за Законот за мал бизнис на Европа 2011. Проектот го поддржа работењето на националната мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија, која има за цел да го поддржи развојот на женското претприемништво и да помогне на новоформираните претпријатија од страна на жените претприемачи успешно да ги одржат своите активности во текот на првите години на постоење на бизнисот. Во целина, стратешка цел на проектот беше да се поддржи развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид, пред се, различната природа на бизнисите предводени од страна на жените.

Специфични цели на проектот :
- Да се идентификуваат и селктираат успешни (машки и женски) претприемачи во земјата, кој ќе дејствуват како ментори;
- Да реализира програма за обука на избраните ментори;
- Да се идентификуваат и селектираат жени претприемачи во земјата, во својство на менторирани;
- Да го идентификува односот ментор-менториран;
- Официјално отпочнување на Програмата за менторство;
- Да го олесни, набљудува и оцени процесот на менторирање и да придонесе за национално и меѓународно вмрежување;
- Да се обезбеди соодветна видливост на мрежата и менторската шема;
- Да обезбеди развој на најдобри практики во менторските односи и долгорочна одржливост.

врв на страната

 
 
© AППРМ, 2005