Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

Самовработување III

VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа

DOCSMES

ФИНО

new-MENTOR

EIICM

INTERVALUE

Градење на капацитетите ...

АППРМ - GTZ ПРОЕКТ за Техничка / експертска помош

15.10.2010 - 15.07.2014
DOCSMES


Наслов на проектот:  DOCSMES - Регионална Докторска Програма за Претприемништво и МСП Менаџмент за земјите од Западен Балкан
ЕУ Програма:
   Темпус Програма IV
Период на имплементација: 15/10/2010 - 15/07/2014
Партнери:   Универзитет Болоња, Италија (UNIBO) координатор
Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, Македонија
Автономен Универзитет Барселона, Шпанија (UAB)
Универзитет во Ница-Софија Антиполис, Франција (UNSA)
Универзитет на Југоисточна Европа, Република Македонија (SEEU)
Универзитет во Тирана, Албанија (UT) Земјоделски факултет во Тирана, Албанија, (AUТ)
Дарданиа Универзитет, Косово, (DU)
СЕАВУС ДООЕЛ Скопје, Македонија,
Сојуз на Стопански Комори, Македонија (MSS)
Сојуз на Албански Индустрии, Албанија (Konfidustria)
Агенција за Поддршка на Претприемништво на Република Македонија

Опис на проектот:
DOCSMES - Програмата на Докторските студии за Претприемништво и МСП Менаџмент на земјите од Западен Балкан, е креирана и имплементирана со цел на комплетирање на циклусот на високо образование во согласност со Болоњската пракса и клучните EHЕА/ERA цели. Програмата овозможи зголемување на нивото на научниот пристап и на културата на Претприемништвото во земјите на Западниот Балкан, што доведе до подобрување во поврзувањето на пазарот на работна сила. Со вклучувањето на Универзитетите и останатите заинтересирани страни, програмата нуди практично знаење, пристап до високи технологии, екстензивна база на податоци, и можности за практичен тренинг. На тој начин, со креирање на професионалци кои со својата креативност и иновативност, од една страна, и преку надградувањето на менаџерските способности во врска со малите и средни претпријатија, на друга страна, им овозможува на компаниите и на економијата во целост да го достигнат посакуваниот раст и напредок. Од големо значење е тоа дека оваа програма на студии обезбедува комбинација на најдобрите Европски пракси на учење, и локалната технологија. Докторската програма започна како Заедничка високо-степена програма од петте Универзитети во Македонија, Албанија и Косово.

Резултати:
- Креирана и имплементирана Заедничка Докторска Програма за Претприемништво и МСП Менаџмент во земјите на Западен Балкан.
- Студентите учесници имаа можност за кратки студиски посети на ЕУ Универзитетите.
- Претставници на вработените во администрацијата од сите земји од Западен Балкан беа обучени и припремени за административната поддршка на докторските програми.
- Техничките капацитети за докторската програма на земјите учеснички, корисниците на проектот, беа воспоставени, унапредени и надградени.
- Квалитетите за стандард за докторската Програма беа установени, како и Квалитетите за стандард предвидени за севкупниот проект.
- Информирањето за активностите и конференциите заедно со веб страната на Програмата, придонесоа многу универзитети кои не биле вклучени во проектот да бидат подетално информирани за новиот пристап.
- Имплементирањето на моделот на Учење на дистанца, како ефективен начин на учење и воспоставување на Совет за комуникација помеѓу универзитетите и бизнис заедницата на перманентна основа, ја има обезбедено оправаданоста на проектот.

 

врв на страната

 
 
© AППРМ, 2005