Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

Самовработување III

VIBE - Инвестициска Иницијатива во Балканска Европа

DOCSMES

ФИНО

new-MENTOR

EIICM

INTERVALUE

Градење на капацитетите ...

АППРМ - GTZ ПРОЕКТ за Техничка / експертска помош

01.03.2014 - 25.02.2015
Самовработување III




Наслов на проектот:  Самовработување III – Промоција на одржливи вработувања III и поддршка на Владата на РМ во имплементацијата на оперативниот план за активен пазар на труд 2014
  
Период на имплементација: 03/2014 – 02/2015
Партнери :      Министерство за Труд и Социјална  Политика (координатор)
Агенција за Вработување на Република Македонија
УНДП
Агенција за Поддршка на Претприемништво на Република Македонија

Опис на проектот :
АППРМ  е активно вклучена во Програмата Самовработување со грант од 2007 и за секоја наредна година потпишува стандарден меморандум за соработка со УНДП за регулирање на меѓусебните обврски. Програмата Самовработување  предвидува советодавна и финансиска поддршка за остварување на 950 одржливи вработувања, односно 950  самовработувања во 900 мали оформени бизниси.
Намената на оваа програма  е активирање на пазарот на труд и креирање на работни места со стимулирање на побарувачката на пазарот на труд, изедначување на понудата и побарувачката на истиот во согласност со потребите,  подобрување на пазарот на трудот и намалување на сивата економија.
Програмата Самовработување се имплементира преку неколку чекори и активности:
- објавување на јавен оглас  за аплицирање;
- давање информации од јавен карактер за можностите  во врска со програмата;
- обука  за развој на бизнис идеи и претприемачки вештини на  првобитно избраните кандидати;
- поддршка  за  изработка на  бизнис план;
- изработка на критериуми, евалуација и селекција на  изработените бизнис планови;
- Асистенција при регистрација на фирми и давање мали грантови на регистрираните фирми за снабдување со неопходната опрема/или материјали .

Услуги :
Апликантите  кои се заинтересирани за Програмата Самовработување се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување. Откако е направена прелиминарна селекција, кандидатите кои се оценети како успешни добиваат обука за бизнис планирање и раководење, пристап до  финансиските пазари, промоција и маркетинг. Потоа, преку Ваучер шемата, бизнис консултантите од Агенцијата за Поддршка на Претприемништво (АППРМ) овозможуваат поддршка на успешните кандидати за остварување на нивната бизнис идеа во бизнис план.

врв на страната

 
 
© AППРМ, 2005