ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМИЈАТА

Објавено на - декември 23 , 2020

СООПШТЕНИЕ

ПРЕТПРИЕМНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМИЈАТА

Што е потребно за раст на претприемничкото образование во земјава, каков кадар посакува бизнис секторот и какви промени се очекуваат со образованието во земјава, каква поддршка очекуваат младите луѓе во градењето на нивните компетенции за пазарот на труд,  се само дел од темите на вебинарите „Забрзан раст на претприемничко образование“ кои се одржаа на 28 октомври, 4 ноември и  11 ноември 2020 година во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. Целта беше да се подигне интересот за  важноста на претприемникото образование.

 

На вебинарите се дискутираше за каков вид на кадар им треба на компаниите,кои вештини и компетенции им се потребни на младите луѓе за идните работни места, понатаму за образованието и методологијата на наставата во нашата земја и за промените што треба да се направат како и за трендовите во образованието во соседните земји, регионални иницијативи и важноста од мобилност на младите и прекугранична соработка со нивни врсници.

 

Преку вебинарите се отворија и низа можности за широката јавност да слушне новости за претприемничкото образование, начините за зголемување на соработката помеѓу бизнисот и образованието, потребата да се инвестира во образованието на младите од најрана возраст, зајакнување на врските и вмрежување едни со други организации и важноста за трансфер на знаење и искуства од претставници на мрежата, со крајна цел споделување на претприемачки дух и забрзување на растот на претприемничкото образование во земјава.

Над 150 учесници- претставници на владата, деловниот сектор, УСАИД, Фонд за инвестиции и технолошки развој (ФИТР), Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ (АППРСМ), невладини организации, претставници од канцелариите на Џуниор Ачивмент  Европа, Албанија Бугарија Србија и голем број наставници, директори на средни училишта и алумни членови имаа можност да ги проследат вебинарите по дигитален пат.

Вебинарите се дел од Проектот за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија и е поддржан од УСАИД, Фонд за иновации и технолошки развој и Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ (АППРСМ). Проектот  им овозможува на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата во земјата.  Повеќе информации за Џуниор Ачивмент Македонија, посетете ја веб страната: http://jamacedonia.mk

 

 

Видеото од вебинарите може да се погледне на you tube на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=-5HZnyd54cM