Економски мерки на Владата за справување со кризата од КОВИД-19

Објавено на - април 06 , 2020

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата за да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на стопанството.

Ова се економски мерки дизајнирани по широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет, формиран токму за оваа цел, како и низ разговорите што ги имавме со деловната заедница преку стопанските комори, и низ одделните разговори со нашите врвни економски познавачи од академската сфера и со угледните и успешните стопанственици од реалниот сектор.

 

 

Повеќе...