ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2020 за пријавување и избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото за реализација на програмската активност

Објавено на - февруари 03 , 2020
  АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


Врз основа на член 22 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18); член 12 од Статутот на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2020 година (Сл. Весник 18/2020), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2020

за пријавување и избор

на организации за деловна поддршка на претприемништвото

за реализација на програмската активност

ИНФО ПУЛТ

Проект во соработка со Регионални центри

1. ИМЕ, ОДНОСНО НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГИ ДОДЕЛУВА СРЕДСТВАТА

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република  Северна Македонија со седиште на Кеј Димитар Влахов број 4, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Агенција).

2. НАМЕНА, ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1 Намена и цел на јавниот повик - Намена на јавниот повик е поддршка на потенцијалните претприемачи и микро, мали и средни претпријатија (во понатамошниот текст МСП) во согласност Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2020 година, точка 5 од Програмата, односно поддршка на деловните центри во активностите поврзани со понатамошно функционирање на мрежа на центри и имплементација на програми за помош, информирање и советување на мали и средни претпријатија и давање на информативна, промотивна, советодавна и логистичка поддршка на МСП и потенцијалните претприемачи кои сакаат да се самовработат, како и дистрибуција на релевантни и корисни информации за МСП и потенцијалните претприемачи.

Целите на јавниот повик се:

-          зголемување на информираноста и знаењето за решавање на претприемничките предизвици во сите фази на претприемачкиот циклус;

-          зголемување на деловната активност на почеток на бизнисот,

и истите треба да придонесат за поголем раст и развој на претпријатијата.

2.2. Предмет на јавниот повик Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото (Регионални центри) кои ќе бидат ангажирани во реализација на програмската активност: Инфо пулт – проект во соработка со регионалните центри за деловна поддршка, точка 4 од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2020 година. Задачите и активностите се дадени во придружната документација.

2.3 Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во придружната  документација кон јавниот повик и истата заинтересираните подносители на пријава, може да ја подигнат во просториите на Агенцијата, канцеларија бр. 10, секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот или на WEB страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk

3. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА

Пријавата треба да содржи:

3.1. Општи услови (документи):

-          Име, адреса и седиште на понудувачот,

-          Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар,

-          Копија од последна завршна сметка предадена во Централен регистар,

-          Уверение за платени даноци издадено од даночните органи,

-          Изјава на понудувачот со која се прифаќаат условите од јавниот повик.

Бараните документи треба да не се постари од 6 месеци од денот на издавањето и да бидат доставени во оригинален примерок или копија заверена од понудувачот.

3.2 Посебни услови (со кои понудувачот  ја докажува техничката способност):

3.2.1. Техничка и просторна оспособеност на седиштето каде ќе се реализира активноста “ИНФО ПУЛТ“ (апликантот треба да ги исполнува следните услови):

3.2.1.1.Поседување на соодветен простор за изведување на активностите.

3.2.2.2.Поседување на соодветна информатичка опрема и интернет врска за изведување на предметот на јавниот повик вклучувајќи опрема за презентација.

3.2.2.Обучен кадар со работни биографии и изјави од персоналот кои работат на реализација на предметот на јавниот повик,

3.2.3. Список на реализирани проекти  (обуки, семинари, работилници и други услуги од областа на малото стопанство), кои се во непосредна врска со предметот на јавниот повик,

3.2.4. Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство,

3.2.5.Услужени клиенти/дадени информации и совети од областа на претприемништвото во изминатите пет години.

3.3 Право да поднесуваат понуди имаат институции чиј предмет на работа е поддршка на претприемништвото и малото стопанство, наведени во член 20 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18).

 4. ЦЕЛНИ ГРУПИ/КОРИСНИЦИ

Како целни групи кои се корисници на информациите се сметаат потенцијалните претприемачи и МСП.

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Основни критериуми врз основа на кои Агенцијата ќе ја оценува способноста на организациите за деловна поддршка за извршување на предметот на јавниот повик:

Бр.

Опис

Поени

а)

Обучен кадар

40

б)

Реализирани проекти од областа на претприемништвото

30

в)

Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство

15

г)

Услужени клиенти/дадени информации и совети од областа на претприемништвото во изминатите пет години

15

6. ДИНАМИКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:

ФЕВРУАРИ - ОКТОМВРИ 2020 година.

7. ВКУПНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ПРОГРАМСКАТА АКТИВНОСТ “ИНФО ПУЛТ“ 400.000,00 МКД (средствата ќе бидат подеднакво распределени на избраните апликанти)

8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Пријавите треба да се достават во архивата на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 10.02.2020 година.

Пријавата со бараните документи се доставува на следната адреса:

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија

Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје.

На ковертот треба да биде назначено:

»ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР.2 ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДЕЛОВНА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот.

Нецелосните пријави, како и пријавите што ќе се достават или пристигнат по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 
придружната документација за јавниот повик можете да ја најдете овде...

Дополнителни информации на тел. 02/3120-132

                                                                                                КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР