Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Проекти
 

МСП пребарување

ПУБЛИКАЦИИ

Export Promotion - Обука

Понуда / Побарувачка

Инфо точки

Бизнис План

МСП Опсерваторија

Инкубатори

МСП Опсерваторија

Секторот на мали и средни претпријатија опфаќа  над 98% од вкупниот број на активни стопнаски субјекти и со тоа игра улогa на движечка сила на вкупната стопанска активност на земјата.           Од аспект на својата големина и фелксибилност малите и средни претпријатија го претставуваат најдинамичниот, но во исто време и најчувствителниот сегмент во структурата на стопанството чии што перформанси директо и објективно ги рефлектираат општите состојби во економијата на земјата.                                                                                                                                    Од таму креаторите и носителите на политиките и развојните стратегии за МСП им е непоходен механизам за систематско следење и оценка на состојбите во секторот кој понатаму ќе им помогне во донесувањето на соодветни решенија и мерки во корист на развојот на МСП.                            За таа цел, во 2004 година во рамките на проектот “Поддршка на политиките на Министерството за економија“, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција , беше воспоставена Опсерваторијата за МСП во Македонија, која денес работи во состав на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.                                                                      Опсерваторијата ја има целосната поддршка на Министерството за економија на Република Македонија, а особено на Секторот за поттикнување на претприемништвото, со што поддршката на малото стопанство согласно четиригодишната програма на Владата и Повелбата на Европската Унија за развој на МСП добива соодветно место во вкупните заложби на земјата за постигнувањето на општа економска стабилност и развој.                                                                                   Со ова Република Македонија е единствената земја во регионот, со исклучок на Словенија, која во својата институционална инфраструктура за поддршка за малото стопанство има Опсерваторија за МСП и ќе изготвува комплексни периодични и годишни извештаи. Со тоа Владата на Република Македонија ќе располага со релевантни и компаративни показатели и анализи за состојбата на секторот.                                                                                                                                   .

МСП Опсерваторија Извештај 2002.pdf  (966 Kb)

МСП Опсерваторија Извештај 2003.pdf  (1120 Kb)

МСП Опсерваторија Извештај 2004.pdf  (1507 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2005.pdf (963 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2007.pdf (497 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2009.pdf (1604 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2013.pdf (1591 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2014.pdf (2297 Kb)

МСП Обсерваторија Извештај 2015.pdf (2293 Kb)
 

врв на страната

 
© AППРМ, 2005